Superiore
Superiore Double, од линијата Superiore, со традиционален дизајн, нуди четири решенија за одмор во еден производ. Облогата Outlast® од едната страна и вискозната ткаенина од другата, во комбинација со слојот со голема пропустливост на воздухот, гарантираат совршен одмор во секое време. Внатрешноста од едната страна изработена од Memoform е дизајнирана да реагира на тежината на вратот, главата и рамената, нудејќи пријатно чувство на леснотија за време на спиењето. Другата страна е изработена од слезова пена со смирувачки својства, за благосостојба на нервниот систем.
Од едната страна Outlast ткаенината за терморегулација, свежа на допир, е првично дизајнирана за скафандерите кои ги носат астронаутите. Структурата на оваа ткаенина се состои од милиони мали сфери, направени од специјален восок кој се топи на 36 степени. Процесот на топење започнува како резултат на порастот на телесната температура, така што ја апсорбира вишокот на топлина и ја акумулира. Кога телесната температура е стабилна и е „под точката на топење“ сферите почнуваат да ја ослободуваат акумулираната енергија во форма на топлина. Идеална за луѓе кои имаат проблем со потење. Од другата страна вискозна ткаенина со модерен дезен. Нежна, трајна и лесно се пере. Навлаката е со патент, се вади и пере.
Ја заштитува внатрешноста на перницата, оддржувајќи ја хигиената на перницата на највисоко ниво.
Од едната страна полнење со Memoform Magnifoam патентирана мемори пена, која е дизајнирана за да реагира на тежината на вратот, главата, и рамениците нудејќи совршена поддршка и опуштање на мускулите. Од другата страна е слезова пена која има антивоспалителни својства, смирувачко и благотворно влијание, што го прави овој материјал извор на благосостојба за нервниот систем.
Структурата на перницата не се деформира ниту пак се стврднува со текот на користењето, дополнителните внатрешни дупчиња низ целата површина на перницата, овозможуваат циркулација на воздухот и дисперзија на влага. Се препорачува за спиење на стомак, на грб и на страна.