Гаранција за квалитет и удобност во согласност со одредбите на Италијански законодавен декрет бр. 206 од 6 септември 2005 година („Потрошувачки код“). Оваа гаранција важи две години од датумот на купување евидентиран на фискалната сметка, која мора да се приложи од страна на купувачот за да се докаже датумот на купување. Гаранцијата се активира ако во рок од 2 месеци од купувањето се пријават било какви деформитети или неправилности, пријавувањето треба да биде официјално на нашата емаил адреса customer.magniflex@gmail.com . Кога, по навремено известување од страна на потрошувачот, се констатирани дефекти /деформитети дефинирани во овој документ, Ај Дрим Концепт ДООЕЛ Скопје е должен да го поправи или замени душекот на свој сопствен трошок.
Производителот на душеците Magniflex, Alessanderx S.p.A. , му обезбедува на купувачот подолг гарантен период од оној што го одредува законот, гаранција до 25 години која се продолжува исклучиво за јадрото на душекот, каде што вдлабнатината е поголема од 15% од висината на душекот. Со завршување на законската гаранција (првите две години по датумот на купување на производот) Alessanderx S.p.A. може, да го замени или поправи јадрото на душекот каде што вдлабнатината е поголема од 15% од висината на душекот, под услов купувачот да ја прикаже фискалната сметка како доказ за купување, и да го прикаже баркодот зашиен на навлаката на душекот за да го идентификува купениот производ. Ако купувачот не е во можност да ја прикаже фискалната сметка или баркодот, гаранцијата од производителот не важи. Трошоците за замена на јадрото на душекот (по првите две години) ќе бидат делумно покриени од Alessanderx S.p.A. Доколку се установи дефект на јадрото на душекот, купувачот може да добие ново јадро, плаќајќи амортизација, односно разликата врз основа на годините на користење. Цената на производот ќе се подели со годините на гаранција на душекот, не вклучувајќи ги првите две години од законската гаранција. Добиената сума ќе се множи со преостанатите гарантни години од вкупните години назначени од компанијата (правна гаранција + изборна гаранција). Добиената вредност ќе биде одбиена од купувањето на јадрото на душекот.
Валидноста на гаранциите, и на законската, а и на гаранцијата од производителот е условена
од правилно користење на душекот и почитување на правилата за користење и одржување.
Секоја поплака поради скината навлака, дупки или дамки на ткаенината или можни други
видни дефекти и/или деформации, кои не влијаат на функционалноста на душекот, мора
веднаш да се пријават при испораката и/или до (и не подолго од) седум дена од испораката,
до Ај Дрим Концепт ДООЕЛ Скопје на емаил адреса customer.magniflex@gmail.com, или по
пошта на адреса: ул. Наум Наумовски Борче 87, 1000 Скопје. Доколку не се почитува
горенаведениот рок од седум дена, душекот нема да биде покриен со никаква гаранција за
горенаведените дефекти и/или деформитети.
• Сите вдлабнатини на јадрото помали од 15% од висината на душекот се сметаат за
физиолошки и затоа се исклучени од гаранцијата.
• Гаранцијата е исклучена и доколку душекот е чуван во услови кои можат да предизвикаат
деформации или формирање на мувла.
• Гаранцијата е исклучена и доколку се забележуваат евидентни дамки/флеки/влегување на
течности во душекот.
• Толеранција од +/- 2 cm на димензиите на производот, поради карактеристиките на
еластичните компоненти се смета за нормално и затоа е исклучено од гаранцијата.
• Пожолтувањето на производот со текот на времето, произлегува од природната оксидација
на компонентите во самиот производ и на ниту еден начин не го намалува квалитетот и
перформансите на душекот. Поради тоа, ова не може да се смета како производствен дефект и
затоа е исклучено од гаранцијата.
• Дефекти предизвикани од неправилно ракување, употреба на сила, прекумерно
оптоварување, нечистотија, влага или извршени поправки од трето лице не се опфатени со
гаранцијата.
• Покрај тоа, гаранцијата не ги опфаќа дамките на душекот и деформации настанати поради
неправилно користење на душеток и/или случаеви кога корисникот не се приддржувал според
Упатството за користење и оддржување (кое ќе го добиете со вашата гаранција, или може да
го побарате од нашиот тим) . Ај Дрим Концепт ДООЕЛ Скопје го задржува правото да испрати
агент за да го потврди дефектот на душекот и да се утврдат причините за проблемот пред да се
земе за поправка. Кога се зема душекот мора да биде заштитен со пластична фолија за да се
избегне негово оштетување.