0

Бесплатна достава низ Македонија

  • (+389) 78-700-222
  • info@magniflex.com.mk
  • ул.Наум Наумовски Борче 87
  • Новости
  • 2023-03-27 10:03:09

Дали физичката активност може да го наруши сон?

Дали физичката активност може да го наруши сон?
share :

Колку често ви се случува да се превртувате во креветот и да не можете да заспиете? Дали тоа ви се случува постојано веќе подолг период?


Спортувањето и несоницата честопати се поврзани едно со друго. Недостатокот од физичка активност, како и прекумерното вежбање, можат да бидат причина за вознемиреност. Со овој блог пост ќе се обидеме детално да ја објасниме врската помеѓу физичката активност и сонот.

Без сомнение можеме да кажеме дека спортувањето е добро за нашето здравје и му помага на телото да воспостави хармонија. Добро познат факт е дека физичката активност позитивно влијае на метаболизмот, помага да се подобри физичкиот изглед и особено е важно дека позитивно влијае на психичкото здравје. Физичките активности кои се практикуваат како хоби се најдобрите антидепресиви, бидејќи благотворното дејство што го имаат врз нашето тело се одразува и на нашата психа преку начинот на кој се доживуваме самите себе и затоа се зголемува нашата самодоверба. 

Кога практикуваме физичка активност во која уживаме, нашето тело ослободува ендорфини, супстанција која се создава во мозокот и ни помага да бидеме расположени преку ослободување на умоти збогатување со кислород на нашата кожа и ткива. Едноставно кажано, спортувањето прави да се чувствуваме подобро.

Тогаш на кој начин физичката активност може да биде штетна и да доведе до несоница?

Кога ќе го преоптовариме нашето тело, стануваме уморни, и тогаш ефектите се контрапродуктивни. Кога ќе се најдеме во оваа ситуација сосема е нормално да почнеме да чувствуваме немир и раздразливост и затоа квалитетот на нашиот сон се намалува, предизвикувајќи чести будења во текот на ноќта бидејќи сме под стрес.

Што е решенито?

Не е само прекумерното количество на физичка активност причина за нарушување на сонот, туку и времето од денот во кој се практикува. Адреналинот што се произведува за време на физичката активност освен што ја подобрува нашата реактивност со забрзување на отчукувањата на срцето и дишењето, исто така ја активира и таканаречената „адреналинска несоница“ која придонесува да останеме будни во текот на ноќта. 

Решението е да го избереме вистинското време од денот за практикување на физичка активност, како и вистинскиот интензитет, кој ако е умерен нема да има негативно влијание на квалитетот на сонот. Напротив ако активноста е со голем интензитет, но е соодветно регулирана и се заврши барем еден час пред спиење, во тој случај може дури и да помогне за да се чувствуваме порелаксирано и полесно да заспиеме.

Доколку и покрај тоа што се придржувате кон овие препораки имате проблеми со несоница, во тој случај можеби треба да пробате со некој од методите и техниките за релаксација. За почеток, решението за квалитетен сон е изборот на квалитетен душек изработен со најсовремена технологија, кој ќе му помогне на вашето тело да се опорави од заморот после физичката активност.

Откако ќе легнете на вашиот комфорен душек, обидете се да земете длабоки и долги вдишувања додека... не заспиете!