Навлака изработена од 100% бел памук. Памукот е растителен материјал препознатлив по своите хидроскопски и анти-статични својства како и по протокот на воздух. Материјалот има висок степен на апсорбција. Мек на допир и удобен, овозможувајќи и на кожата да дише и обезбедувајќи освежувачки ноќен сон.
Пердувите заробуваат големо количество воздух внатре и на овој начин можат да одржуваат константна телесна температура. Исполнета со комбинација на 70% крупен и 30% ситен пердув од гуска кои даваат цврстина и нежност во исто време. Пердувите имат термо - регулаторни својства и обезбедуваат оптимална клима меѓу лицето, вратот и перницата.