0
  • Новости
  • 2026-10-08 13:08:31

Три недели до подобар сон. Дел 3. Пречките кои го држат сонот настрана

Последен дел од серијата за подобар сон. Што да правите кога мозокот не се исклучува и кои навики тивко го попречуваат, дури и по добра рутина.
share :

Замислете дека ги направивте сите чекори. Легнувате во исто време, телефонот е оставен настрана, светлата се пригушени. А вие сепак лежите и гледате во таванот.

Ако ви се случува ова, не сте направиле ништо погрешно. Во првиот дел го наместивме внатрешниот часовник, а во вториот вечерната рутина. Но постојат пречки кои делуваат тивко и често не знаете дека ги имате. Во овој последен дел ги разгледуваме најчестите и што навистина помага.

Кога мозокот не сака да замолчи

Има вечери кога телото е уморно, а мозокот работи како да е пладне. Мислите врткаат работа, разговори и утрешни обврски. Најприродна реакција е да останете во кревет и да се трудите да заспиете. Токму тоа обично ја влошува работата.

Кога долго лежите будни во кревет, мозокот почнува да го поврзува креветот со напнатост, а не со одмор. Колку повеќе вечери се повторува тоа, толку потешко е да заспиете. Затоа постои едноставно правило кое е дел од терапијата за несоница. Ако сте будни во кревет околу дваесет минути, станете.

Еве што можете да направите.

  • Не гледајте во часовникот. Проверувањето на времето само го зголемува притисокот, па проценете на око колку време поминало.
  • Преместете се во друга просторија со слаба светлина и прочитајте нешто од хартиена книга или слушајте тивка музика, без екран.
  • Вратете се во кревет дури кога навистина ќе ве фати поспаност, а не само замор.

Кафето од попладне

Кафе попладне — кофеинот трае подолго отколку што мислиме

Кофеинот е најпознатата пречка, но повеќето луѓе го потценуваат колку долго останува во телото. Во студија од 2013 година, објавена во Journal of Clinical Sleep Medicine, учесниците земале доза колку две до три кафиња шест часа пред спиење. Вкупното време на спиење им се скратило за повеќе од еден час. Најинтересно е тоа што самите не го почувствувале. Мерењата покажале разлика, а тие мислеле дека спиеле нормално.

Студијата е мала, со дванаесет здрави луѓе, но поентата е јасна. Кофеинот го блокира сигналот на поспаност, а тоа трае многу подолго отколку што мислиме. Авторите препорачуваат да не се пие кафе по пет часот попладне. Ако сте чувствителни, тргнете го последното кафе уште порано.

Чашата навечер

Многу луѓе мислат дека чаша вино им помага да заспијат. Делумно е точно. Алкохолот може да го скрати времето до заспивање, но само на почетокот. Подоцна во текот на ноќта, кога телото го разградува, сонот станува поплиток и со почести будења. Затоа наутро се чувствувате помалку одморени, иако сте биле во кревет доволно часови.

Алкохолот ги опушта и мускулите на грлото, што може да го влоши хркањето. Најдобро е последната чаша да биде најмалку три до четири часа пред спиење.

Кога да побарате помош

Ако проблемот со спиењето трае повеќе недели, и покрај сите овие промени, разговарајте со лекар. Несоницата често има причина која вреди да се провери, а постојат третмани кои реално помагаат.

Пречката која ја заборавате

Правилна подлога — дел од условите за квалитетен сон

Дури и кога мозокот е смирен, кафето е навреме, а чашата е изоставена, остануваат пречки кои ги носи самата подлога. Кога душекот задржува топлина или не ја распоредува правилно тежината на телото, се превртувате и се будите без да знаете зошто.

Затоа Magniflex развива материјали токму за ова. Memoform се прилагодува на обликот на телото и ги намалува точките на притисок, а MagniCool навлаката помага топлината да се одведува. Во салонот можете да легнете и сами да ја почувствувате разликата.

Три недели, три чекори

Во првиот дел го поставивме ритамот, во вториот ја средивме вечерта, а во овој ги отстранивме пречките. Ништо од ова не бара голема промена одеднаш. Изберете една навика, задржете ја една недела, па додајте следна.

Текстот е информативен и не заменува совет од лекар.

Magniflex Macedonia

Email Viber WhatsApp