Како да го одберете вистинскиот душек за вас?
Спиењето е клучен фактор за нашето здравје, а квалитетен душек значително влијае на одморот и регенерацијата на телото. Изборот на соодветен душек обезбедува оптимална анатомска положба, правилна распределба на тежината и максимална удобност. Во овој водич ќе дознаете како да го изберете најдобриот душек според вашите потреби.
Пред да го купите душекот, задолжително пробајте го. Легнете на грб, останете во таа положба неколку минути, а потоа сменете ја положбата на страна или стомак. Идеалниот душек треба да се прилагодува на вашето тело без да создава чувство на потонување или вибрации при движење, а и не смее да биде многу тврд.
Карактеристики на добар душек:
Брзо се прилагодува на телото
Не создава чувство на „пропаѓање“
Не се лула или тресе при движење
Нуди поддршка и удобност истовремено
Изборот на правилната големина е исто толку важен како и самиот квалитет на душекот.
Општи насоки за големини:
Душекот треба да биде 20 cm подолг од вашата висина.
За едно лице: 90-100 cm ширина.
За двојки: најдобар избор е 160-180 cm ширина.
Ако сте високи или покрупни, размислете за нестандардни димензии, должина од 220cm
За најдобри резултати, проверете ја нашата колекција на душеци со различни димензии и материјали.
Душекот и подлогата мора да бидат усогласени за максимална удобност и издржливост.
Совети за избор на подлога:
Тврда латофлекс подлога– соодветна за помек душек.
Подлога со летвички, латофлекс – обезбедува добра вентилација и долговечност на душекот.
Комбинацијата на вистинската подлога и душек може да го подобри квалитетот на спиењето до 50%!
✔ Изберете потврд душек кој ќе обезбеди добра поддршка. Пример душеците Memorabile, Massaggio Delux или Magnistretch
✔ Помек душек кој ќе спречи притисок на колковите и рамената. Идеален избор се душеците Magnicool Cloud, Dolce Vita, или душекот од луксузната линија Audace Diamante.
5. Како да изберете душек за брачен кревет?Кога купувате душек за двајца, важно е двата партнери да се чувствуваат удобно. Dual Core технологијата е одговорот на Magniflex на оваа потреба: иновативен систем за задоволување на различни потреби на партнерите во еден душек, без да мора да правите компромиси. Благодарение на оваа иновација, јадрото на душекот е составено од два посебни дела со различен тип на удобност, кои можат да се превртуваат и на тој начин да понудат два различни типа на поддршка: помека или поцврста. Душеците од Pleasure линијата како што е душекот Dolce Vita има dual core технологија две различни страни – тврда и мека.
Правилниот избор на душек е клучен за здрав и квалитетен сон. Размислете за вашите навики, потреби и телесна структура при изборот.