0
  • Новости
  • 2026-10-13 13:54:06

Пет намирници кои можат да ви помогнат да спиете подобро

Киви, масна риба, ореви, тиквини семки и кисела вишна. Пет намирници со научна поддршка за подобар сон, од кои две се во сезона токму сега.
share :

Ако барате една намирница која сама ќе го подобри вашиот сон, ќе се разочарате, бидејќи таква не постои. Но некои намирници имаат поддршка од студии и вреди да ги знаете, особено сега кога есента ни ги донесе оревите и тиквата.

Киви еден час пред спиење

Киви еден час пред спиење

Во студија од 2011 година, 24 возрасни со проблеми во спиењето јаделе по две киви еден час пред спиење, четири недели по ред. Истите, заспивале побрзо и спиеле подолго, а тоа го мереле со дневник и со електронски уред на зглобот. Подоцна, во студија од 2017 година со 67 студенти, групата која јадела киви пријавила подобар сон и подобро функционирање преку ден од групата која јадела круши.

Точната причина не е позната, но се претпоставува дека позитивна улога имаат серотонинот и антиоксидансите во овошјето. Во втората студија објективните мерења не покажале јасна разлика, но самите учесници почувствувале подобрување.

Масна риба во недостиг на сончева светлина

Во студија од 2014 година, објавена во Journal of Clinical Sleep Medicine, возрасните пациенти кои јаделе лосос три пати неделно по неколку месеци пријавиле подобар сон и подобро функционирање преку ден. Се претпоставува дека витаминот D и омега 3 масните киселини учествуваат во создавањето на серотонин, хормонот поврзан со расположението и сонот.

Есента и зимата имаат помалку сонце, па нивото на витамин D лесно паѓа. Затоа рибата е добар избор токму сега. Ако лососот ви е скап, слично масни се пастрмката, скушата и сардините.

Ореви од овогодишната берба

Оревите се еден од нашите најсигурни препораки од есенските производи. Содржат мелатонин, омега 3 масни киселини, магнезиум и цинк, иако количините се разликуваат од плод до плод. Па така, како вечерна ужина наместо слатко или чипс, една шака ореви е одлична замена.

Семки од есенска тиква

Ореви и тиквини семки како вечерна ужина

Една шака тиквини семки дава околу 37 проценти од дневната потреба на магнезиум и значаен дел триптофан. Магнезиумот помага мускулите да се опуштат, а триптофанот е градба за серотонинот и мелатонинот. Студиите за самите семки иако ограничени, објаснуваат зошто се појавуваат на ваквиот список.

Кога следниот пат ќе сечете тиква, не фрлајте ги семките. Исплакнете ги, исушете ги и испечете ги во рерна.

Сок од кисела вишна

Во мала студија, осум возрасни над 50 години со хронична несоница пиеле по 240 милилитри сок од кисела вишна наутро и еден до два часа пред спиење, 14 дена. Во споредба со плацебо групата, спиеле во просек 84 минути подолго. Кисела вишна природно содржи повеќе мелатонин од многу други овошја.

Ако пробате, изберете несладкан сок.

Како да ги комбинирате нашите препораки

Не мора да јадете сè одеднаш. Изберете една или две намирници за почеток и јадете ги неколку недели.

На пример:

  • Две киви еден час пред спиење.
  • Риба на вечера два до три пати неделно.
  • Шака ореви или испечени тиквини семки како вечерна ужина.

Ако сте алергични на некоја од овие намирници, прескокнете ја.

Исхраната е само дел од добрите навики за здрав сон

Дури и најдобрата вечера не може да го поправи спиењето ако подлогата е несоодветна и ви пречи. Есенските ноќи носат поголеми промени на температурата во собата, а топлина која се собира под телото или чувството на студ ве будат без да знаете зошто. Затоа Magniflex развива и употребува материјали како Outlast, навлака која ја апсорбира вишокот топлина и ја враќа кога телото има потреба. Во салонот можете да ја тестирате и сами да ја почувствувате разликата.

Текстот е информативен и не заменува совет од лекар или нутриционист.

Magniflex Macedonia

Email Viber WhatsApp