Моја кошничка
Вашата кошничка е празна.
Независна лабораторија тестираше три Magniflex модели по поддршка, притисок, ладење и стабилност. Еве што открија резултатите.
Кога купувате душек, обично се потпирате на описот од производителот или на препорака во салон. Но што се случува кога независен тим ги тестира истите производи ноќ по ноќ, со различни типови на луѓе, и ги мери резултатите поединечно?
Токму тоа го направи американскиот тим за тестирање Dweva, во нивната анализа на душеци за 2026 година. Тие поминаа повеќе ноќи со три модели од италијанската колекција Magniflex и ги оценија по шест категории. Поддршка на ’рбетот, олеснување на притисокот од потисните точки на телото, ладење или свежина на навлаката, изолација на движење и вибрации, форма и стабилност на работ на душекот.
Резултатите се интересни затоа што секој модел покажа сосема поинаков профил, што всушност го потврдува она што веќе го знаеме. Нема еден совршен душек за секого. Постои совршен душек за вашиот начин на спиење.

Тимот тестираше три различни линии од Magniflex понудата, секоја наменета за различен тип на луѓе.
MagniStretch – моделот со патентираната технологија за истегнување, наменет за оние кои бараат стабилна поддршка и растегнување на ’рбетот.
MagniCool Firm – тврд душек со површина која значително останува ладна подолго време од контактот со телото.
DolceVita Dual – најмекиот модел во тестот, со можност за прилагодување на тврдината на секоја страна (лева - десна) поединечно.
Од првата ноќ, тестерите забележале дека површината останува рамна под долниот дел на грбот и колковите. Не се пропаѓа длабоко, што помогнало ’рбетот да остане поизрамнет при менување на позиции меѓу спиење на грб и на страна. Истата поддршка му овозможува на патентираниот дел за растегнување да ја врши својата функција додека спиете.
Оценка за поддршка 9 од 10. Оценка за олеснување на притисок 8.5 од 10.
Тестерите заклучиле дека овој модел најмногу одговара на луѓе кои спијат на грб и сакаат потврда, порамна површина. Исто така се покажал добар избор за луѓе кои често менуваат позиција на спиење, како и за луѓе со болки во долниот дел на грбот кои обично подобро реагираат на потврда поддршка.
Единствената забелешка е дека луѓето со помала телесна тежина, кои спијат исклучиво на страна забележале дека површината може да им се стори премногу тврда во подолги периоди.
Кога тестерите легнале за прв пат, навлаката веднаш се почувствувала ладна на допир. Она што ги импресионирало не било само почетното чувство туку фактот дека површината не се затоплувала брзо, дури и по подолго лежење. Ова се должи на специјалниот текстил од кој е изработена навлаката, кој ја дисперзира топлината од местото каде лежите.
Оценка за ладење 9 од 10. Оценка за поддршка 9 од 10.
Овој модел најмногу им одговара на луѓе кои чувствуваат топлина во текот на ноќта и претпочитаат потврда површина. Исто така се покажал стабилен избор за луѓе со поголема телесна тежина, кои имаат потреба од поголема поддршка во средината на душекот.
Тестерите забележале дека потврдата површина не е идеална за секого кој спие на страна, освен ако не додадат дополнителна перница или подлога за рамениците.
При спиење на страна, овој модел се покажал најпријатен за рамениците и колковите. Тестерите почувствувале подлабоко навлегување во површината, но контролирано, без чувство на заглавување или пропаѓање при менување позиција на спиење.
Оценка за олеснување на притисок 9.5 од 10, највисока во целиот тест. Оценка за изолација на движење 9 од 10.
Она што го издвојува овој модел е системот Dual Core. Со отворање на навлаката и превртување на внатрешниот слој, можете да ја прилагодите тврдината на секоја страна (лева - десна) во душекот, а партнерите можат да изберат различна поставеност на секоја страна, без да купуваат два одделни душека.
Тестерите забележале дека поддршката на работ од навлаката е послаба споредено со потврдите модели, што значи дека седењето на самиот раб на душекот предизвикува повеќе компресија.
Кога ги гледаме резултатите заедно, се појавува јасен правец. Секој модел е изграден со специфична цел.
MagniStretch е за оние кои сакаат стабилност и порамнета линија на ’рбетот пред сè.
MagniCool Firm е за оние кои чувствуваат топлина во текот на ноќта и сакаат потврда поддршка.
DolceVita Dual е за оние кои сакаат подлабоко олеснување на притисокот и опции за прилагодување без компромис.
Ова не е случајност. Италијанската филозофија на Magniflex од самиот почеток се гради врз идејата дека сонот не е универзален. Телото, тежината, позицијата на спиење и дури температурната чувствителност, бараат различен пристап кон поддршката и моделот на душек.
Ако главно спиете на грб и сакате потврда, поизразена поддршка, MagniStretch е моделот што независните тестери го оцениле највисоко за оваа намена.
Ако редовно се будите поради жештина и препотени или едноставно сакате душек кој одржува ладна површина подолго време, MagniCool Firm е моделот со најдобра оценка за разладување на тестот.
Ако спиете на страна, сакате подлабоко олеснување на притисокот, или делите кревет со партнер со различни потреби за комфор, DolceVita Dual нуди најголема флексибилност со неговиот систем за прилагодување.
Телесната тежина исто така игра улога. Луѓето со поголема телесна тежина обично подобро реагираат на потврда поддршка, додека луѓето со помала телесна тежина можат да почувствуваат тврд душек како премногу ригиден, особено при спиење на страна.
Она што го прави ова тестирање вредно не се само бројките, туку фактот дека е независно и транспарентно. Не спонзорирано од самиот бренд, туку од тим кој ги спореди производите објективно, ноќ по ноќ, со реални и случајно одбрани луѓе, со изразени различни навики на спиење.
И трите модели покажаа високи резултати во клучните категории, што го потврдува квалитетот на производство за секој од нив. Разликите не се во тоа кој модел е подобар, туку во тоа кој модел е подобар за вас конкретно.
Затоа, изборот на душек никогаш не треба да биде брз или случаен. Треба да размислите за начинот на кој навистина спиете, а не за оној начин на кој мислите дека треба да спиете.