0
  • Новости
  • 2023-03-27 09:58:38

Кажи ми како спиеш и ќе ти кажам која е твојата совршена перница

Кажи ми како спиеш и ќе ти кажам која е твојата совршена перница
share :


Можеби се чини небитно, но изборот на вистинската перница е од големо значење за нашето здравје, мора да ја пружи соодветната поддршка на вратот, а за да ги држи пршлените на вратот во права линија не треба да биде ниту премногу висока или премногу цврста.

Најдобро за `рбетот е кога спиете тој да биде во нулта хоризонтална позиција, па затоа при изборот на перницата треба да внимавате таа да ја поддршува тежината на главата и покрај притисокот што го правите кога лежите.

Внимавајте на позицијата во која спиете!

Ако спиете на стомак, најдобро е да се избере ниска, мека перница. Од друга страна класична, средно цврста перница, е најдобар избор за луѓе кои спијат на грб или често ја менуваат позицијата на спиење за да може да се задржи вратот во правилна положба. За оние пак што најчесто спијат на страна, најчесто се препорачува средно цврста до цврста перница. Особено во вториот случај е исклучително важно да не се избере премногу мека перница, која нема да може да го издржи притисокот што се прави со главата и ќе предизвика неправилна положба на вратот.

Вистинска перница за секоја ситуација

Позицијата на спиење не е единствената работа која што е важна при изборот на вистинската перница, во текот на ноќта може да се појават и други фактори кои ќе го нарушат квалитетот на сонот. Пример за луѓе кои имаат проблеми со апнеја при спиење или со силно `рчење се препорачуваат перници со средна висина и поголема цврстина кои ќе овозможат дополнителна поддршка на главата. Во случај пак на болка, треба да размислите за перница со брановиден облик, која ја овозможува правилната положба на мускулите на вратот, релаксирајќи ги и ослободувајќи ја компресијата на пршлените, што е од големо значење за луѓето кој страдаат од болку во вратот.

Изборот на перницата треба да зависи и од навиките на спиење, најдобро е да бараме перница што е најконзистентна со природната положба што ја заземаме додека спиеме, за да избегнеме непотребна непријатност.

Magniflex размислува за секој аспект на здравјето и квалитетот на спиењето, затоа обезбедува голем избор на перници погодни за секој тип на ситуација и потреба, за да може да обезбеди здрава и правилна поддршка за секој дел од телото. Доброто спиење придонесува за чувство на одмор во текот на денот, а тоа е неопходно за правилно функционирање и квалитетно исполнување на обврските секој ден!

Посетете ја нашата веб-страница и пронајдете ја перницата што најмногу одговара на вашите потреби!