Зошто спиеме помалку кога сме заљубени ?

Да се биде заљубен е најмоќното нешто што некогаш можеме да го доживееме.

Објавено на 14 Февруари, 2019 во iDream магазин

"Знаете дека сте заљубени тогаш кога не можете да заспиете, бидејќи реалноста е конечно подобра од вашите соништа".

Како и во колкава мера заљубувањето делува  врз спиењето?



Науката  покажува дека кога  брановите на љубовта се насекаде околу нас, постојат илјадници причини зошто остануваме будни и го избегнуваме сонот.

Една од причините зошто е тоа така можеби  е податокот дека кога ќе најдеш некој што го сакаш, некој со кој сакаш да бидеш  секој ден и секоја ноќ, спиењето изгледа како губење време. 

Мегутоа постојат и други научни медицински истражувања кои објаснуваат за овој феномен.Заљубувањето буквално го менува мозокот,односно буквално ги менува хемиските реакции во мозокот. Докажано е дека кога ние сме заљубени, во организмот се зголемува лачењето на одредени хормони кои влијаат на расположението и го отежнуваат заспивањето.Во голема мера токму тие се заслужни за нашето однесување. Ние сме позаштитнички настроени, полојални и помалку осудуваме, поседуваме зголемена емпатија и сме доста посреќни.

1.Зголемено производство на вазопресин и окситоцин

Окситоцинот и вазопресинот се хормоните кои се најтесно поврзани со романтичната љубов.Во текот на сексот се ослободуваат окситоцин и вазопресин, кои се задолжени за помало чувство на болка, и за интимност и поврзаност.Се смета дека за време на сексот самото лачење на окситоцин во мозокот може да предизвика чувство на задоволство и нежност. 

2.Зголемено лачење на кортизол

Кортизолот е познат како стрес хормон. Зголеменото лачење на овој хормон во телото знае да не доведе до несоница. 

Според научниците,  најчесто на почетокот на врската кај партнерите постои страв од неуспех на истата. Цела таа грижа го доведува телото во состојба на стрес и резултира со зголемено лачење на кортизол.

3.Зголемено производство на допамин

Сексот доведува до зголемено производство на хормонот допамин, хормонот на задоволство и среќа.Во оваа состојба мозокот никогаш не е заинтересиран за спиење.

Најчесто, недостатокот на спиење има штетни несакани ефекти врз организмот, но не е истиот случај и кога телото е зафатено од еуфоријата на љубовта. Ова е уште еден податок кој покажува дека Љубовта освојува се.