За што треба да размислуваме пред спиење?

Дали внимаваме за што размислуваме пред спиење?

Објавено на 21 Март, 2019 во iDream магазин

Доста често слушаме како луѓето разговараат за добрите работи поврзани со спиењето, од изгледот на спалната соба до изборот на нашата вечера, од физичката до менталната релаксација.

Меѓутоа, бројни истражувања покажуваат дека таканаречената ,,Екологија на умот‘‘ е доста значаен фактор за здрав сон.

Всушност, науката овде ни зборува за изборот на мисли кои ни поминуваат низ глава пред спиење. Докажано е дека некои мисли можат да ни помогнат да заспиеме полесно, додека пак , од друга страна, постојат и такви мисли кои може негативно да влијаат врз сонот. Според научниците, изборот на што ќе размислуваме пред спиење е значаен фактор на кој треба да обрнеме внимание.

За што НЕ треба да се размислува пред спиење?

Мислите кои го вознемируваат нашето тело и ум се оние кои треба да се избегнуваат пред спиење, затоа што колку сме ние повознемирени толку се помали шансите дека ќе можеме да спиеме убаво.

Поради оваа причина, добра идеја е да не поминуваме низ сеќавањата на болно завршените љубовни работи, семејните кавги или жалење за изборот на кариера. Секој пат кога ќе го активирате овој вид на сеќавања, ризикувате да започнете бесконечна јамка која ги вознемирува и умот и телото.

Од друга страна, постојат и такви мисли кои можат да ни го подобрат сонот.Еве за што стручните лица предлагаат да се размислува пред спиење:

1. Природа

На врвот на листата на мисли кои треба да ги имаме пред да заспиеме се сеќавањата на природните пејзажи, ридови или плажи кои имаат моќ да ги одстранат сите други ментални слики и кои предизвикуваат природна релаксација

2. Бои

Размислувањето на топли и релаксирачки бои му помага на телото да се опушти, па затоа се смета за корисна алатка која би ни помогнала за подобар сон

3.  Мислете на луѓето кои ви значат и ги сакате

Доколку постои личност која ја сакате, размислувањето на неа или него има природно смирувачки ефект и предизвикува емоционална благосостојба која брзо може да се претвори во физичка благосостојба и да доведе до длабока релаксација

4. Благодарност

Искажувањето благодарност пред спиење се смета за ефикасен метод кој може да не доведе до здрав сон. Со овој метод можете да го подигнете нивото на серотонин во вашиот мозок. Серотонинот го има низ целото тело, а најмногу во централниот нервен систем, каде игра улога во регулирањето на сонот.

Кога ние свесно се заблагодаруваме кај нас се јавува чувство на задоволство, кое секако има позитивно влијание за нашето тело.

Придобивките од благодарност се големи, затоа експертите препорачуваат да најдете барем една работа за која ќе бидете благодарни на крајот на денот.

Вашите омилени Магнифлекс душек и перница чекаат на вас и вашите убави  мисли...

Ви посакуваме слатки сништа !!!