Вложете во себе и својот сон

Дали знаете дека секојдневната грижа и вложување во своето здравје е инвестиција за здрав и квалитетен сон.

Објавено на 19 Февруари, 2020 во iDream магазин

Дали вложувате во себе, дали доволно се грижите за себе и своето ментално и физичко здравје?

Кога внимаваме на себе, на своите емоции, на своето здравје, ние вложуваме во себе, а нема побогата и позначајна инвестиција од инвестицијата во себе. Бидете доволно дисциплинирани и свесни за своето здавје, дозволете позитивните ефекти да ве водат и инспирираат за промена, промена која ќе ви донесе здрав и среќен живот.

Кога зборуваме за грижа за себе, всушност мислиме на активности кои може да ги превземете за да ги развивате, заштитите, одржувате и подобрите вашето здравје и благосостојба. Повеќето луѓе мислат дека немаат доволно време за превземање на било каква активност која ќе допринесе за да ги „ наполнат своите батерии “, меѓутоа правилно испланираното и организирано време е почетна точка која ќе ви го покаже точно спротивното.

Затоа, инспирирајте се и предизвикајте се себе си на промена, започнете од денес и бидете утре веќе подобра верзија од себе.

Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ја остварите вашата цел:

1. Прошетка

Природната светлина делува позитивно врз нашето расположение, а додека пак свежиот воздух  ќе ни помагне за момент да ги смириме нашите мисли и ја ,,исчистиме“  главата од секојдневните грижи.

2. Јадете здрава избалансирана храна

Редовното внесување на здрави оброци ќе направи да се чувствуваме полесно и поенергично. Затоа избегнувајте ја брзата исхрана, поготово пред спиење.

3. Поминувајте време со своите најблиски, фамилијата и пријтелите

Времето поминато покрај луѓе кои прават да се чуствувате пријатно и инспирирано, се луѓето кои ве полнат со енергија и дефинитивно тоа се луѓето со кои треба почесто да поминувате време. Избегнувајте дружење со луѓе кои негативно влијаат врз вашето расположение.

4. Инвестирајте во себе

Инвестирајте во себе, поминете време сами со себе и не жалете за тоа. Одморете за момент од работните обврски и прочитајте ја вашата омилена книга, возете велосипед, пливајте, купете го вашето омилено парче облека. Направете било што,што ќе ве направи свои и ќе направи да се чувствувате исполнето и среќно.

5. Релаксирајте се

Направете паметен избор, одморете го вашето тело и ум. Уплатете си двочасовно уживање во најблискиот СПА- центар, отидете на масажа, медитирајте.

6. Одморете на вашиот омилен Мagniflex душек

Здравиот сон несомнено е неопходна алатка за секој кој сака да изгради здрав начин на живот. Поминувањето 6-8 часа на правилниот душек ќе го одмори вашето тело и ќе ве припреми за сите останати тековни обврски.

Затоа, почнете од сега, почнете веднаш. Дозволете и на вашата интелигенција да ве води. Направете го вашиот сон реалност. Бидете тоа што од секогаш сте посакувале да бидете, бидете најдобрата верзија од себе.

Сите овие чекори постепено ќе ве приближат до подобар и посреќен живот, а со тоа до уште подобар и поквалитетен сон!