Влијанието на сонот врз крвната циркулација

Колку спиењето на соодветен душек е значаен фактор за правилна циркулација на крвта во организмот?

Објавено на 16 Април, 2019 во iDream магазин

Познато ни е дека здравиот сон е од големо значење за правилно функционирање на организмот. Овој пат зборуваме за тесната поврзаност помеѓу спиењето на соодветен душек и правилната циркулација.

Здравиот сон дефинитивно се вбројува во една од компонентите значајни за правилна циркулација на крвта. Спиењето ја стимулира крвната циркулација.Всушност, додека спиеме ноќе, црниот дроб и бубрезите работат со полна брзина, релаксирајќи ги мускулите и стимулирајќи ја циркулацијата на крвта, а сето тоа придонесува за елиминирање на отпадните материи што се создадени во текот на денот.

Проблемите поврзани со крвната циркулација, за жал, се доста честа појава во денешно време, и влијаат врз луѓето од сите возрасти.

Главни причини за пореметување на циркулацијата на крв се сметаат неправилната исхрана, недоволна физичка активност, стресот, лошите навики од типот на пушење и слично.

Предупредувачки знаци кои ни покажуваат дека во организмот има нарушена циркулација и кои никако не смееме да ги игнорираме се проширените вени, губење на косата, кршливост на ноктите.Друг симптом што треба да го додадеме на листата е заморот: недостатокот на кислород во мускулите доведува до намалена функционалност на мускулите.

За правилна циркулација, од голема важност е спиењето на соодветен душек кој ќе овозможи правилен распоред на тежината на телото, односно идеална анатомска положба и опуштеност на мускулите во текот на спиењето,а со тоа и една нормална циркулација на крвта.

Квалитетниот душек треба да му овозможи ортопедска, анатомска и ергономска поддршка на телото.

Душеците кои во својот состав содржат Мемори пена се одличен избор. Способноста на материјалот автоматски да се прилагодува на формата на телото, помага да се задржи правилната положба на телото.

Магнифлекс душеците се идеални за сите оние кои уживаат во комфорот што го нуди единствената патентирана Мemoform Magnifoam мемори пена.

Благодарение на моменталната реакција на овој материјал на топлина и притисок, Memoform Magnifoam совршено ја следи линијата на силуетата, давајќи одлична поддршка на целото тело. За кратко време се враќа во првобитната форма и се приспособува на движењата кои ги правиме во текот на ноќта, без да предизвика будење.


На тој начин му дава поддршка на грбот без да врши притисок на ‘рбетот или да спречува циркулација.