Витамин Д и спиењето!!!

Колку е важен витаминот Д за нашиот сон?

Објавено на 29 Март, 2019 во iDream магазин

Познато ни е дека практикувањето медитација, јога, слушање релаксирачка музика пред спиење се фактори кои не доближуваат до поквалитетен сон. Ако на ова го додадеме и условот спиење на квалитетна и соодветна поддршка ( квалитетен кревет, душек и перница) во тој случај дефинитивно исполнуваме услови кои се од големо значење за нашиот сон и кои треба да не однесат до здравиот сон.

Меѓутоа, постои можност несоница да се јавува и покрај сите овие работи, и како причина за истата научниците го споменуваат дефицитот на витамини во организмот. Поточно, витаминот Д е една од супстанциите кои го регулираат нашиот циркаден ритам.

Кога во организмот има намалено ниво на витамин Д, имунолошкиот систем ослабува, коските стануваат полесно кршливи, а се појавуваат тешкотии и при самото заспивање.

Сите овие негативни појави од друга страна влијаат врз квалитетот на сонот.  Односно,превртувањата во текот на ноќта кои нормално треба да се доведени на минимум, во овој случај се значително зголемени и од тука дефинитивно страда здравиот сон.

Најсигурен начин за синтетизирање на витамин Д во организмот е преку изложување на сончева светлина.Истиот освен преку сончање, во организмот може да се внесе и преку одредена исхрана.Витаминот Д е доста застапен во млекото и млечните производи, рибиното масло, жолчката од јајце.

Според експертите за здрав сон,за добро да спиете и да го извлечете максимумот од вашиот душек, наместо лекови, може да биде доволно да поминете малку време на отворено секој ден, овозможувајќи му на вашето тело да ужива во сончевите зраци,а истовремено го подобрувате целокупното здравје и квалитетот на вашиот живот, дури и во текот на ноќта.