Стандард за одржување на хигиената во нашиот продажен салон

Објавено на 25 Јули, 2020 во iDream магазин

Тимот на Magniflex ги спроведе следните промени во начинот на работа се со цел да ви обезбеди безбедна посета и купување во нашиот продажен салон. За нас како одговорна компанија здравјето и безбедноста се секогаш на прво место. Тоа го постигнуваме преку нашиот стандард за одржување на хигиената во нашето работење преку следните протоколи:

Внимаваме на безбедноста на вработените и посетителите

Нашите вработени имаат ограничен контакт со нашите посетители, при што се зголемени и хигиенските навики во текот на работата. На сите вработени им се дадени строги инструкции за миење на рацете, ограничен контакт со потрошувачите и држење на безбедното растојание. Исто така имаат обврска да внимаваат на своето здравје и доколку забележат одредени симптоми се должни да не доаѓаат на работа.

Да можете да уживате во тестирањето и купувањето на производите

Нашиот тим секогаш прави се за да ви овозможи да се чувствувате  релаксирано при посета на нашиот продажен салон. При вашата посета се грижиме да одржуваме растојание од 2 метра, а исто така имаме поставено и станици за дезинфекција на рацете како на влезот така и на местото за наплата. Дополнително користиме и заштитни подлоги за еднократна употреба за секој посетител.

Применуваме највисоки стандарди за одржување на хигиена

По секоја посета на наш клиент, се врши целосна дезинфекција на сите душеци и перници со употреба на сертифицираните машини на Clean Max кои ја користат УВ-Ц технологијата, која докажано дури 99,99% ги елиминира прашинските грини, бактерии, вируси и габи (вклучувајќи го и вирусот ковид 19). Дополнително помеѓу две посети вработените ги дезинфицираат и сите останати површини кои се изложени на допири, а се практикува и секојдневно чистење на сите останати површини во салонот.

Задоволството е загарантирано

Ние се грижиме за вашиот дом на ист начин како што се грижиме за вас при посетата на нашиот салон. Вработените кои се грижат за достава на нашите производи следат строго пропишани инструкции за испорака со посебен акцент на одржување растојание, дезинфекција и останати безбедносни протоколи. При испораката вработените носат и заштитна опрема како маска и ракавици. Нашите производи пристигнуваат во вакумско пакување што е исто така многу битно од безбедносен аспект.

Вашата безбедност и вашето задоволство се нашиот приоритет!