Со вежбање до здрав сон !!!

Дали вежбањето влијае врз квалитетот на сонот ?

Објавено на 09 Мај, 2019 во iDream магазин

Спoред најнови истражувања 12 милиони Италијанци имаат проблеми со спиењето, додека пак 31% од Американците спијат помалку од 6 часа навечер.

Инсомнијата полека станува социјален проблем. Европа, Италија и Данска се сметаат за земји во кои луѓето спијат подобро, меѓутоа како што е напоменато, дури и во овие земји проблемот со спиењетo е се почеста појава.

Според една австралиска студија, од 1905 година луѓето низ светот спијат се помалку и помалку секоја година.

Недоволното спиење може да предизвика безброј несакани последици. Загрижувачки е фактот колку истиот може да влијае врз нашето здравје. Замор, губење на меморијата, кардиоваскуларни проблеми, променливо расположение, се дел од проблемите кои настануваат како последица на недоволен сон.

Дали вежбањето допринесува за здрав сон?

Секако дека ДА !!!

Практикувањето на било кој спорт се зема за предност. Вежбањето го намалува стресот, предизвикува хемиски реакции и ензими кои ослободуваат ендорфин (хормонот за добро расположение) и помагаат во снабдување на кислород во екстремитетите и мозокот.

Една студија на Универзитетот Стенфорд за хронични инсомничари покажала значителен напредок во времетраењето и квалитетот на спиењето кај луѓето кои редовно вежбаат.

Вежбањето претставува здрав, безбеден и економичен начин за постигнување подолг и подобар сон.

Практикувањето спорт во било кој период од денот се смета за предност, само експертите предупредуваат да се избегнува интензивен тренинг најмалку три до четири часа пред спиење.

Како предлог,Аеробните вежби се сметаат за одличен избор кои ќе делуваат на подобрување на спиењето, и се препорачува истите да се практикуваат барем три пати неделно, во времетраење од 30 минути.