Разликата помеѓу душеци изработени од пена и душеци со жичено јадро
Ако сте традиционалист, тогаш за вас асоцијација на душек е оној со жичено јадро. Но, љубителите на иновативноста кои се насочени кои душеците од мемори пена се во многу нешта во право.
Објавено на 08 Февруари, 2022 во iDream магазин
Изборот на душек секогаш зависи од специфичните барања и здравствени состојби кои ги имате, а разликата помеѓу душек со жичено јадро и мемори пена ги опфаќаат не само начинот на производсво и материјалите од кои се направени, туку и нивната изджливост и отпорност на промени кои настануваат во текот на нивната употреба.
Старо против ново
Класичните душеци кои ги паметиме од детството со децении ја извршуваа нивната функција на најдобар начин – омозможувајќи поддршка на нашето тело и удобност во текот на спиењето.
Меѓутоа, развојот на технологијата на прозводството и појавата на душеците од мемори пена не остави заинтригирани во однос на нивната можност за прилагодување на нашиот облик на телото, што директно влијае на нашето чувство на удобност. Разновидноста во материјалите од кој се изработуваат душеците како и нивната прилагодливост на промената на температурата на телото во текот на спиењето, само го потврдуваат тоа дека нашите стари душеци биле добри за нас само за тоа што не сме знаеле за подобро.
Зошто луѓето се одлучуваат за душек со жичено јадро?
Долгото користење исклучиво на душеци со жичени јадра предизвика голем број нивни варијации - во однос на цврстина, дебелина, т.е. висината на душекот, но и производниот систем, т.е. концептот на поставување на жиците, кој бара и различни нивоа на удобност.
Па така на пазарот постојат голем број на вакви душеци кои одговараат на многу различни и специфични потреби на корисниците, а една од главните предности е тоа што без разлика на буџетот кој го имате предвидено за купување на душек, со сигурност ќе најдете душек со жичено јадро.
Носталгијата која ја чувствуваме со помислата на „скокање на креветот“ кога сме биле деца, со сигурност потекнува од пружините кои се наѓаат во составот на овие душеци и нивната можност да реагираат на секој наш потег. Иако можеби ви се допаѓа ова чувство на скокоње, тоа може да биде проблем за вашиот партнер бидејќи ќе го чувствува секое ваше поместување и превртување во текот на ноќта, а тоа воедно и негативно влијае на трајноста на ваквиот тип на душеци.
Најголемата негативна страна на овие душеци сепак е неможноста да ви овозможат доволно цврста и правилна положба на вашето тело, затоа што овие душеци многу побрзо ги губат својствата како цврстината за разлика од душеците од мемори пена. Освен ова со употребата на ваков тип на душеци е намалено и ослободувањето на притисокот од потисните точки што може да биде исклучително проблематично за луѓе кои имаат проблеми со болки во грбот.
Дали тогаш душек од мемори пена е вистинскиот избор?
Се чини дека произведувачите на душеци со мемори пена ги решиле сите најважни недостатоци кои ги имаат душеците со жичено јадро.
Освен што системот на производство и природата на овие материјали овозможува нивно прилагодување на обликот на телото, а со тоа овозможува најголема поддржка на местата кои се под најголем притисок, душеците од мемори пена се одлични и во таканаречената изолација на движењата. Тоа значи дека вашеро превртување во текот на ноќта нема да го почувствува вашиот партнер, а честото поместување во текот на ноќта помалку влијае на пропаѓањето на душекот во однос на душеците со жичено јадро.
Иако и овие душеци доаѓаат во различни нивоа на комфор, потврди и помеки, често како нивна негативна страна се споменува недоволното циркулирање на воздухот во нив.
Маѓутоа новите технологии многу брзо го решаваат и овој проблем со користење на материјали кои ја регулираат вашата температура на телото и со создавање на двострани душеци кои подолго траат и имаат одлична циркулација на воздухот.
Што се однесува пак на буџетот кој сте го издвоиле за купување на душек, точно е дека душеците со мемори пена бараат поголема почетна инвестиција, но со оглед на бројните функционалности кои се прилагодени на луѓе кои имаат проблеми со болки во грбот или со прекумерна топлина во текот на ноќта, може да се смета дека душеците од мемори пена се инвестиција во вистинската смисла на зборот. Според тоа нивната долговечност ќе ви донесе многу години квалитетен сон, што секако е клучно во одлуката за купување на душек.