НОВА ГОДИНА,НОВИ НАВИКИ ЗА СПИЕЊЕ

Несомнено, самиот почеток на годината на некој начин означува ново поглавје од животот.

Објавено на 10 Јануари, 2020 во iDream магазин

Најчесто ова е периодот кога одлучуваме да воведеме нови и корисни навики, а истовремено се откажуваме од се што не ни служи, се со цел да направиме подобра верзија од нас.

Во поголем процент, тие одлуки се однесуваат на намалување на телесната тежина, откажување од цигарите, запишување на некој курс и слично. Меѓутоа, малкумина од нас размислуваат за воведување на нови навики кои ќе ни овозможат здрав и квалитетен сон.

Бројни студии покажуваат за придобивките од редовното спиење,што за возрасни важи правилото спиење од 6-8 часа во текот на една ноќ. Здравиот и квалитетен сон е од големо значење за нашиот организам.

Во продолжение прочитајте како сонот влијае на нашиот организам:

1. Подобро здравје: Истражувањата покажуваат дека неквалитетниот сон може да биде причина за некои здравствени проблеми како срцеви заболувања, дебелеење, дијабетес и слично.

2. Подобар сексуален живот: Меѓународната анкета за спиење направена од Националната Фондација за спиење покажува дека дури 56% од Американските испитаниците имаат проблеми со сексуалниот живот како последица на умор.

3. Помалку болка: Многу студии зборуваат за тесната поврзаност помеѓу прагот на болка и спиењето.Докажано е дека колку подобро спиеме, толку е поголем прагот на издржливост на болка, и обратно.

4. Подобро расположение: Точно, здравиот сон делува на расположението кај секој човек. Оние кои спијат доволно се посреќни и подобро можат да ги контролираат своите емоции.

5. Појасно размислуваат: Студиите откриле дека лицата кои се лишени од сон многу потешко донесуваат одлуки и се значително полоши во решавањето на било какви проблеми, за разлика од оние кои имаат здрав и квалитетен сон.

6. Подобра меморија: Здравиот сон несомнено влијае и врз помнењето. Докажано е дека лицата кои страдааат од несоница немаат доволно концентрација за да може да ги забележат и меморираат работите што се случуваат околу нив.

7. Намален имунолошки систем: Уште еден доказ дека на телото му фали сон е намалениот имунитет кај човекот .Кога сме уморни, организмот не е во состојба ефективно да се одбрани од бактерии и вируси, и е многу повеќе сколн на воспаленија и инфекции.

Доколку сеуште сте во фаза на креирање на вашата листа за приоритети за штотуку започнатата година, топло ви препорачуваме да размислете за здравиот сон и вашите омилени Magniflex душек и перница, кои несомнено ќе ви овозможат да имате сон каков што отсекогаш сте посакувале.

Ви посакуваме Добра Ноќ!