Неколку совети за подобар сон во лето

Дали високите летни температури може да бидат причина за нарушен сон ?

Објавено на 30 Јуни, 2020 во iDream магазин

Одговорот е секако ДА.

Знаеме дека здравиот сон е од големо значење за правилно функционирање на организмот. Голем број последици може да настанат доколку одреден период човекот е лишен од квалитетен сон.

Како што одминуваат деновите, се повеќе сме во исчекување на високи летни температури. Од една страна, тоа ни носи во најава нов летен одмор, плажа, уживање, меѓутоа никако не смееме да го занемариме фактот дека високите летни температури се и причина плус за долги ноќи поминати без спиење.

Точно, високите температури за време на летните ноќи може да се одразат негативно врз здравиот сон, односно истите да бидат главаната причина за нарушен сон.

За таа намена, во продолжение ви нудиме неколку совети за како да се заштитите од високите температури и да го одржите спиењето во баланс и ова лето:

1. Користете соодветен душек и перница

Користењето на душек и перница кои се изработени одиновативните технологии како Outlast и Airyform се одличен избор, затоа што иститепомагаат во регулација на температурата за време на спиење

2. Изберете ги правилно постелнината и пижамите

Правилниот избор на постелнина и пижами е од големо значење за да се задржи квалитетното спиење во текот на ноќта. Истите се препорачува да бидат изработени од соодветни материјали кои нудат висок степен на пропустливост на воздух.

Користењето на постелнина изработена од природни материјали, на пример памук и лен е одличен избор.

3. Намалете го термостатот

Покачената температура во спалната соба во текот на ноќта може да доведе до несоница. Обидете се температурата во собата да биде од 18 до 20 степени целзиусови.

4. Топол туш пред спиење

Откако ќе излезете, тeлото за брзо ќе се олади бидејќи влагата на вашата кожа ќе започне да испарува. Практикувајте туширањето да биде барем еден час пред легнување.

5. Внимавајте на вашиот распоред за вежбање

Точно, вежбањето е тесно поврзано со самото спиење. Затоа, планирајте гo тренингот паметно. Вежбањето ја покачува телесната температура на телото, па доколку се практикува пред спиење може да предизвика потешкотии при заспивањето. Потрудете се да вежбате наутро за да го олесните вашето спиење. Доколку утринскиот распоред не ви го дозволува тоа, обидете се да вежбате помеѓу 17 и 19 часот попладне.

6. Затемнете го просторот во спалната соба

Прикачувањето на темни завеси се одлична заштита за раното изгрејсонце наутро. Со поставувањето на малку потемни завеси ќе спречите навлегување на  зраци светлина кои инаку може да бидат причина за будење.

7. Внимавајте на вашата исхрана

Високо калоричната храна дефинитивно може да преедизвика потешкотии во спиењето и да биде дополнителна причина за будност во текот на ноќта. Затоа се препорачува да се внимава на внесените оброци во часовите пред легнување.

8. Проветрувајте ги редовно просториите

Свежиот воздух дефинитивно придонесува за квалитетен сон. Затоа редовното проветрување на просторијата и одржувањето на оптимална температура во спалната соба ќе придонесе да имате здрав сон.

Вложувањето во вашата спална соба секако е вложување во здрав и квалитетен сон. Темната, студена и удобна спална соба може да биде придобивка за одличен сон.