Неколку совети за како да имате подобар сон

Дали се будите полни со елан и енергија или сеуште здравиот сон за вас е нешто непознато и нереално?

Објавено на 05 Февруари, 2020 во iDream магазин

Доколку одговорот е дека сеуште трагате по него, можеби е време да се запрашате што е тоа што ве оддалечува од здравиот сон?

Дали станува збор  за душек, перница, или пак можеби само некоја нова навика која ќе ви овозможи здрав сон?

Што и да е, ние го имаме идеалното решение!

Во продолжение прочитајте неколку практични совети кои ќе ви овозможат да спиете подобро и да уживате во помирен живот:

1. Изберете соодветна перница за вас

Како што знаеме, изборот на перница за секој е индивидуален. Да ја изберете соодветната перница за вас е од суштинско значење за да имате здрав сон, затоа внимавајте кога правите избор на перница. 

Дали сакате помош? Ова е нашиот водич за избор на перници: https://magniflex.com.mk/koja-e-idealnata-pernica-za-vas-

2. Проверете ги навиките за јадење

Според сите експерти, појадокот е еден од најважните оброци во текот на денот. Затоа започнете го денот со хранлив и вкусен оброк. За варењето на храната потребно е време и енергија. Токму поради оваа причина, од посебно значење е да внимавате на вечерата. За да заспивате лесно и имате здрав сон, вечерата никако не треба да биде во големи количини кои дополнително ќе го оптеретат дигестивниот систем, а со тоа и спиењето.

3. Избегнувајте користење на смарт уреди пред спиење

Колкумина од нас имаат навика пред спиење да играат игри на својот телефон или пак едноставно да гледааат филм пред заспивање? Па,добро е да знаете дека кај луѓето кои користат електронски уреди во кревет двојно е поголема веројатноста да спијат лошо.Затоа, внимавајте и избегнувајте ги електронските уреди пред спиење.

4. Создадете момент на спокојство за себе

10-15 минути на ден е доволно за да го одмориме нашиот ум, да се фокусираме на нашата благосостојба. Вдишете длабоко, одморете го умот, обидете се да не размислувате за ништо. Пред да го исклучите светлото, одвојте време да го завршите денот на позитивен начин и да заспиете во длабок сон.

5. Музика!

Слушањето музика може да биде вистинското решение за релаксирање. Но, каква музика е правиот избор? Нежен звук, слаб волумен, слатки хармонии и пред се со побавен ритам од срцето. Ова навистина функционира. Пробајте!

6. Етерични масла

Нашето чувство за мирис е едно од најмоќните. Тоа е строго поврзано со нашата меморија и емоции, влијае на нашето расположение, нашата енергија и нашиот капацитет да се концентрираме. Побарајте од вашиот билкар да ви подготви мешавина од есенцијални масла за да ви помогне да спиете подобро и да го намалите стресот.

7. Придржувајте се до правилото 6-8 часа редовен сон

Што вие подразбирате под здрав и квалитетен сон? Според истражувањата, препорачливо е да се придржуваме до правилото 6-8 часа спиење во текот на една вечер. Редовниот, постојан одмор му помага на телото да се ослободи од напнатоста, да го зајакне имунолошкиот систем, да го намали крвниот притисок.