Неколку релаксирачки билни чаеви за подобар сон

Познато ни е дека не секој напиток пред спиење делува позитивно врз нашиот сон.

Објавено на 26 Февруари, 2020 во iDream магазин

Доколку алкохолот, енергичните и стимулативните пијалоци се оние кои треба да се избегнуваат пред спиење, тогаш дозволете ни да ви откриеме со што би можеле да ги релаксирате телото, умот и духот,така што здравиот сон би бил неизбежен за вас.

1. Мелем од лимон

Мелемот од лимон има релаксирачко дејство врз мускулите и го смирува нервниот систем. Идеален е за оние чиј сон е нарушен од вознемиреност и грижи.

1. Валеријана

Ова е најпознато меѓу растенијата кои помагаат против несоница и има смирувачко дејство. Лековитиот дел од ова растение е коренот, кој содржи валеренски киселини. Истиот може да биде од голема помош против несоница и ,, тешки мисли’’.

2. Лаванда

Слатката, ароматична лаванда и тоа како може да влијае смирувачки врз нашиот нервен систем. Лавандата е билка која е добро позната по својата репутација како природна алтернатива за смирување, опуштање и ослободување од стрес.

3. Passion Flower (Цвеќе на страста)

Пасифлората долго време се користи за подобрување на квалитетот на сонот и спиењето. Помага при физичка напнатост, грчеви и болки. Ова е соодветен билен чај за сите кои страдаат од тахикардија.