Неколку ефективни методи за релаксација

Колку релаксирањето е значајно за здравјето и виталноста?

Објавено на 24 Јуни, 2019 во iDream магазин

Факт е дека живееме во модерно време исполнето со стрес, грижи, обврски, сообраќај. Заглавени во брзиот начин на живот, понекогаш сакаме да избегаме од целиот тој хаос, меѓутоа самите околности не ни го дозволуваат истото.

Сепак, постои нешто што за момент барем ќе не оттргне од реалноста и ќе не доближи поблиску до здравје и виталност.

Станува збор за релаксирање на телото, состојба на смиреност и безгрижност, опуштање, закрепнување, разонода, психички и физички одмор.

Можеби звучи чудно, меѓутоа да се биде релаксиран не значи да се биде пасивен или бавен, туку во релаксирањето има најголема виталност.

Има неколку техники кои можат да ни помогнат да останеме смирени и релаксирани:

1. Затворете ја вратата кон надворешниот свет, слушајќи го вашето тело, вашите чувства, почнувајќи со длабоко дишење, а истовремено насочете го вниманието на делови од вашето телото (почнувајќи од нозете па се до главата).

2. Визуелизирајте

Визуелизацијата е техника која е доста препорачлива и корисна. Затворањето на очите и замислувањето тивка и мирна средина, ливада или пак активности на лична нега - како што е топла бања - може да имаат неочекувани психо-соматски ефекти.

3. За да останете смирени и релаксирани, се препорачува да не зборувате премногу брзо и гласно, односно внимавајте на тонот на гласот.Гласното и брзо зборување, заменете го со тивко и течно зборување. 

Ова се мали, меѓутоа корисни техники кои можат да ви делуваат позитивно и смирувачки.