Неколку алатки кои ви се потребни за удобен сон додека патувате !!!

Сите ние веќе до одреден степен сме свесни за значењето на здравиот и квалитетен сон. Поради тоа се стремиме да си обезбедиме една пријатна атмосфера во својата спална која ќе не однесе чекор поблиску до убав сон.

Објавено на 18 Јануари, 2019 во iDream магазин

Меѓутоа, понекогаш се случува да треба доцните часови наменети за сон да ги поминеме во патување.

Доколку и вие сте некој кој доста често патува, а е љубител на спиењето и сака да има барем приближно добар сон како дома, тогаш во продолжение ви предлагаме да прочитате како да си овозможете пријатна атмосфера за спиење додека сте во авион, автомобил, воз...

Предлагаме да започнете со складирање на овие пет предмети во вашиот куфер:

1.Удобна маска за очи

Светлината понекогаш е фактор кој знае да го наруши нашиот сон.

Истата може да стигне до вашите очи  дури и кога тие се затворени, што значи дека додека патувате, секаков пристап на светлина до вашите очи може да придонесе за неубав сон. Маската за очи е  таа која што ќе ги заштити вашите очи од секаков вид на светлосни зраци, и ќе ви ја обезбеди темнината потребна за спиење. Оваа маска, која може да биде од памук, свила, сатен… на нашиот мозок му дава сигнал дека сме во темница, и дека ни треба хормон потребен за релаксација и сон – мелатонин.

Најважно во врска со маската е тоа што не може да ви наштети, нема никакви негативни ефекти, освен доколку не ве затега премногу и е од некој непријатен материјал кој ви пречи.

2.Додаток- мала патна перница за вашиот врат

Спиењето без потребна поддршка на вратот додека патуваме знае да биде болно и непријатно. Принудното наведнување на главата кое се случува додека спиеме, го доведува вратот во неправилна положба и истото резултира со болки и вкочанетост во вратот и неубав сон.

Поради ова, Експертите препорачуваат додаток перница која ќе ви ја овозможи потребната поддршка на вратот и главата. Перницата ќе го задржи вратот во исправена позиција и ќе ги елиминира наведнувањата на главата кои се фактор плус за будење.

Перницата може да биде помала верзија од вашата нормална перница која ја имате дома, или пак додаток  перница во вид на полумесечина. 

3. Протектори  за уши 

 ,, Еarplugs" или кај нас познати како тампони за уши, се додатоци чија цел е да го елиминираат непријатниот звук на `рчењето, како и останатите надворешни звуци и непријатна бучава.

Овој додаток е важен да го имате за време на патување, затоа што не секогаш знаете на какви околности ќе наидете за време на патувањето. Понекогаш луѓето сопатници до нас знаат да бидат толку многу гласни што постои можност да се причина за нарушување на  нашиот сон. 

4.Топло ќебе кое ќе ви ја обезбеди потребната топлина

Температурата е фактор доста важен за квалитетен сон. Доколку патувањето е со автомобил постои поголема можност да си обезбедите пријатна температура за спиење, меѓутоа ако патувате со друго превозно средство тогаш ова би можело да биде проблем заради тоа што некои автобуси или авиони се доста студени.  Пакувањето на сопствено ќебе ќе значи дека ќе можете да уживате во патувањето без оглед на температурата. По завршување на спиењето, истото можете да го користите како лумбална перница.

5.  Крема за раце од лаванда

Крем за раце од лаванда не само што ќе ги заштити вашите раце од сувост, туку смирувачкиот мирис од лаванда може да ви помогне да се опуштите и подготвите за спиење.

Затоа, измазнете ги рацете, длабоко вдишете и потонете во пријатен сон.