НЕ – најчесто изговараниот збор за време на спиење

Има ли некој во вашето семејство кој зборува во сон?

Објавено на 10 Јуни, 2019 во iDream магазин

Доколку постои таков, дали некогаш сте приметиле што најчесто изговара во сон? Дали се тоа некои зборови, или пак можеби некои кратки фрази, правилни или неправилни граматички?

Предизвикот да се открие до одреден степен овој феномен, ги натера научниците малку да се позанимаваат на оваа тема. Според нивните испитувања, најчесто изговараниот збор за време на спиење е зборот ,,НЕ”.

Како што велат тие, зачудувачки, меѓутоа после често изговараното  ,,НЕ” , следни на листата се ,,лошите зборови”, односно зборови кои суштински служат за да навредат некого. Испитувањата покажуваат дека ,,лошите зборови или фрази” сe почесто се употребувани од машките, за разлика од женската популација.

Исто така забележано е дека луѓето кои зборуваат во сон користат точен граматички јазик.

Според направената студија, подолу наброените зборови и фрази се следните кои спаѓаат во категорија на доста употребувани за време на спиење:

* голем број разбирливи кратки зборови;

* фрази кои содржат негација;

* реченици кои содржат прашање.