Надминете ја несоницата со помош на медитација!!!

Доколку подолг период ве мачи несоница, можеби е време да се запрашате што треба да превземете за да ја смените ситуацијата.

Објавено на 25 Јануари, 2019 во iDream магазин

Инсомнијата (недоволниот сон) е појава која често се поврзува со стрес, анксиозност,умор... Истата може негативно да се одрази врз самото здравје на човекот.

Медитацијата е една од алатките која се препорачува да се практикува за да се подобри квалитетот на сонот. Се покажало дека техниката за длабока релаксација го зголемува времето на спиење, го подобрува квалитетот на спиењето и го олеснува заспивањето.

Во продолжение прочитајте зошто да изберете медитација за надминување на несоницата:

1.Се смета за безбедна техника

Медитацијата може да биде одлична алатка за сите оние кои сакаат на природен начин да ја надминат инсомнијата, без користење на лекови. Всушност, се покажало дека медитацијата и се користи за да помогне да се намали употребата на апчиња за спиење.

Медитацијата како техника дава длабока состојба на опуштеност и мирен ум. Таа  делува на несоницата на тој начин што ги намалува мерките на  возбуда во мозокот. Според испитувањата не постојат поврзани ризици или несакани ефекти при практикување на оваа техника.

2. Постојат повеќе здравствени придобивки од медитацијата

Медитацијата позитивно се одразува врз нашето здравје. Освен што влијае на квалитетот на сон, медитацијата исто така го намалува крвниот притисок, ја намалува болката, анксиозноста и депресијата.Исто така медитацијата делува и на емоционалната болка,бидејќи медитацијата помага во правилното држење и дишење. Кога дишете правилно, Вие го “храните” организмот со свеж кислород, кој пак делотворно делува на телото и психата.

3.Лесно достапна за секој од нас

За медитација можете да научете од најразлични извори. Можете да платите за медитативни часови и книги кои ве учат на техниката. Меѓутоа,предност е и што за почеток можете да пребарате онлајн за бесплатни апликации и видеа на YouTube ако сакате да пробате дали делува пред да потрошите пари на неа.

Најпрво, можете да започнете со наоѓање удобно место за седење или лежење, а потоа затворете ги очите и дишете полека и длабоко, насочувајќи го вниманието кон дишењето. Ако вашиот ум почнува да талка, едноставно вратете го вниманието кон вашето дишење.За почеток можете да започнете со 5 минути медитирање дневно, па  потоа постепено  да го зголемувате времетраењето.

Медитацијата како техника може да се практикува индивидуално или групно.