КОРИСНИ ТЕХНИКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СТРЕСОТ

Стресот е составен дел од секојдневниот живот кај секој поединец.Бројни се негативните последици кои можат да настанат доколку подолг временски период сме изложен под стрес.

Објавено на 05 Септември, 2019 во iDream магазин

Стресните ситуации се помалку или повеќе присутни кај секој од нас, разликата е само како секој поединец се соочува со стресната ситуација. 

Во продолжение ви издвојуваме неколку ефективни техники против стрес:

1.Шетање во шума

Шетањето во шума е моќна техника за релаксација и е апсолутно ефективна.

За момент исклучете го вашиот паметен телефон, облечете пар удобни обувки и направете неколку минутна прошетка во најблиската шума.

После неколку минутно шетање во шума ќе ги почувствувате придобивките кои ги нуди истата. Самото зеленило, дишењето чист и свеж воздух, звукот добиен од зуењето на птиците и шушкањето на листовите се алатките кои за миг ќе ве доведат до длабока релаксација.

Уживајте :)

2.Стомачно (Абдоминално) дишење

Дишењето е најважен животен процес во човечкиот организам.Во ситуација на напнатост, ние не сме во состојба да дишеме правилно.

За абдоминално дишење потребно е едната рака да ја ставете ја на градите, додека дугата на стомакот, вдишете длабоко а потоа полека и смирено издишувајте.

Оваа техника на дишење помага во намалување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Дури и 2 минути од оваа техника може да предизвика големи придобивки.

3.Прегратки

Прегратките не само што даваат задоволство, истите претставуваат голем бенефит за нашето здравје.Нивото на окситоцин (хормонот за среќа) се зголемува, нашиот крвен притисок се намалува, отчукувањата на срцето се намалуваат и нивото на коризол ( хормонот на стрес) се намалува.

Но, тоа не е се: гушкањето ја подобрува комуникацијата и ги зајакнува нашите врски на пријателство. Дури и да се прегрнете себеси, галејќи ги вашите раменици, може да помогне во контролата на стресот.

4.Потпевнување

Потпевнувањето е всушност пеење само со затворена уста. Потпевнување на неколку минути додека возите или работите на компјутер може да помогне да се ослободите од непотребни мисли. Овој процес се одвива преку внатрешни вибрации, кои се шират од коските на черепот и кои го масираат мозокот,создавајќи еден процес на внатрешно чистење.