Кои бои на спалната соба се најпогодни за подобар сон?
Спиењето не е само одмор, туку е и регенерација на нашето тело и повторно полнење со енергија потребна за наредниот ден. Поради тоа и собата во која што спиеме треба да биде соодветна за да можеме да имаме квалитетен сон.
Објавено на 02 Февруари, 2022 во iDream магазин
Нашите спални
соби се местото каде што треба да се чувствуваме најудобно.
Дури и боите во спалната соба можат да влијаат на количеството на сон кое го имате. Можеби звучи изненадувачки, но боите во вашата спална може да влијаат на вашето расположение, па тоа се одразува и на вашиот сон. За тоа пред да одверете кои бои да преовладуваат во вашата соба, ви предлагаме да ги погледнете нашите предлози за бои кој овозможуваат подобра релаксација и поздрави навики на спиење.
Ова се најдобрите бои кои треба да преовладуваат во вашата спална за подобар сон:
Сината е НАЈДОБРАТА боја за подобар сон!
Сината е апсолутен победник при изборот на боја за вашата спална соба, таа смирувачка, а тоа е најбитно за квалитетен сон. Начите очи дури имаат и посебни рецептори кој го прават мозокот посебно чуствителен на сина боја. Ако сакате да бидете сигурни дека нема да погрешите тогаш во вашата спална соба нека преовладува сината боја.
Според одредени студии, гостите во хотелите во соби со сина боја спиеле просечно 7 часа и 52 минути, во споредба со тоа дека една просечна личност не спие дури ни 7 часа. Дури 60% од овие гости рекле дека се разбудиле порасположени, нормално кој не би бил расположен после квалитетно преспиена ноќ.
Жолтата боја е СРЕЌНА боја
Жолтата е втора по редослед најдобра боја за во вашата спална соба. Учесниците во студијата спиеле 7 часа и 40 минути и дефинитивно се разбудиле среќни кога во собата преовладувала жолтата боја.
Зелената боја е ОРГАНСКА
Учесниците во студијата во зелена соба поминале 7 часа и 36 минути во со. Зелената боја е органска и не потсетува на природа. Луѓето во спална соба во која преовладува зелената се разбудиле полни со оптимизам и позитивност.
Портокаловата боја е ТОПЛИНА
Можеби не е боја која е на прво место за најдобра, меѓутоа е погодна бидејќи е топла и среќна боја. Исто така се вели дека портокаловата боја помага со варењето на храта, а тоа е нешто што честопати не држи будни во текор на ноќта.
Розевата боја е МЕКА
Ова е еден од нашите фаворити за боја која треба да преовладува во спалната соба, особено ако изберете пастелно пригушена розева боја. Според Фенг Шуи често се алудира на тоа да се избере боја која е слична на тенот на кожата бидејќи таквите бои ни даваат смирено зен чувство.
Како заклучок на се можеме да кажеме дека за подобар сон, најдобро е во вашата спална соба да изберете да преовладуваат бои кој не се препигментирани, како сини нијанси, жолти, розеви, зелени или портокалови. Боите како црвена, темно сива или кафеава се најмалку погодни за релаксирачка околина за спиење. А ако веќе настојувате да биде присутна некоја од овие бои, наш предлог е да ставите само некој детал во оваа боја, а останатиот дел од собата да го дополните со некоја релаксирачка боја која ќе одговара на нејзе.