Кога децата се на летно кампување, родителите страдаат од инсомнија?

Родители, дали се пронајдовте?

Објавено на 09 Јули, 2019 во iDream магазин

Дали се сложувате дека првото кампување на децата носи голема грижа и непреспани ноќи кај нивните родители. Првото кампување е искуство кое на секое дете му носи нови искуства и погледи кон животот. Кога децата почнуваат да се оддалечуваат од своите родители, без разлика на временскиот период, тие почнуваат на некој начин да растат, се пресретнуваат со нови работи и искуства, и секое ново патување е ново доживување за нив.

Меѓутоа, првото патување на децата претставува до одреден степен стрес за родителот. Дури и да децата се заштитени и надгледувани, родителот во секој случај е загрижен и во мисли. Голем број родители страдаат од несоница.

Во продолжение ви даваме неколку совети за како да се избегнат непреспаните ноќи:

1. Пред било што друго, секој родител се соочува со страв кога го испраќа своето дете на прво кампување. Стравот, е нормална реакција која мора да се контролира и неутрализира, имајќи предвид дека често е манифестација на внатрешен отпор на родителите да ги пуштат своите деца на кампување од страв дека нешто ќе им се случи. Прифаќањето на фактот дека децата растат и тие морааат да бидат оставани понекогаш сами, до одреден степен помага за  да се надмине стравот кај родителот.

2. Лесна храна за вечера

Нервозата често знае да го поттикне апетитот. Според експертите, се препорачува посебно внимавање на каква храна ќе внесувате пред спиење. Доста е важно тоа да не биде мрсна и тешка храна, затоа што баш таквата храна може дополнително да го поремети спиењето.

Лесна храна, пример свеж зеленчук е идеален предлог за вечера.

За да се избегне несоницата, неопходно е да се избегнува конзумирање на тешка храна, кафе и алкохолни пијалоци пред спиење.

3. Спорт, јога и медитација за убав сон

Седењето дома и грижата за децата, заменете ги со практикување на вашиот омилен спорт, јога, или медитација. Било кое хоби кое за момент ќе ги оттргне вашите мисли од грижата, е идеално решение.

Наместо да седите дома и да се грижите дали се е во ред со децата, искористете го празниот простор и тишината во куќата за да ги прoменете вашитестари навики и да ги правите омилените работи за кои често немате време кога се дома децата.Кога вашиот ден е исполнет,времето ќе ви поминува во радост и без непотребни грижи.

4. Нов душек за прекрасен сон

Зошто не би ја искористиле можноста да си подарите Нов и квалитетен душек?

Секој од вас заслужува здрав и квалитетен Сон, па зошто да не си дозволите да уживате во спиењето? Спиењето на квалитетен душек е најголемата инвестиција која можете да ја направите за вас и вашите најмили.