Кажете им ДА на прошетките во природа !!!

Колку често треба да се прави прошетка во природа?

Објавено на 23 Мај, 2019 во iDream магазин

Дали сте некој кој преферира да живее во големи, урбани градови или пак едноставно среќни сте што вашето место на живеење е мало гратче кое нуди уживање во прекрасните природни благодети?

Како местото на живеење може да влијае врз една личност?

Природата е од големо значење за човекот. Освен што го подобрува расположението, истата делува позитивно и врз здравјето на човекот, а делува и врз мислите на човекот.


Статистиката за која многумина не се свесни е дека премногу урбанизација може да предизвика негативно и опсесивно размислување, поради отсуство на придобивките од природата и зеленилото.

УМОТ Е МОЌЕН, но како можеме да се ослободиме од негативните мисли?

Едноставна прошетка во природа е одлична за смирување на мозокот. Една студија објавена во списанието ,,Зборник на трудови‘‘ на Националната академија на науките на Соединетите Американски Држави открива дека убава прошетка во шума не штити од токсични мисли и го подобрува целокупното здравје на нашето срце.

После направена прошетка во природа од 90 минути, испитаниците кои учевствувале во прошетката биле анализирани и споредени со испитаниците кои направиле одење од 90 минути по обична улица во густо- урбанизиран град.

Резултатите од ова испитување покажало дека оние кои шетале во природа биле помалку склони на негативни мисли и многу подобро расположени од оние кои шетале по обична улица. На кратко, останувањето во контакт со природата ни дава едно внатрешно чувство на смиреност и благосостојба, кое што толку многу ни е потребно на секој од нас.

Меѓутоа, дури и во хаосот на урбаните градови, доколку сакате можете да најдете оаза на мир и природа. Како?

На пример, започнете со елиминирање на хемиски-третирани материјали од вашиот дом, јадење органска храна, поминувајте време во тишината, исклучувајте ги светлата ноќе и грижете се за вашата спална соба:

1.кажете НЕ на електронските уреди и Wi-Fi;

2.ДА за природен и ергономски душек.