Како спијат среќните парови?

,,Кажи ми во која положба спиеш и јас ќе ти кажам кој си ‘‘

Објавено на 28 Февруари, 2019 во iDream магазин

Точно !!! Познат ни е фактот дека според положбата на спиење до одреден степен може да се открие карактерот на личноста.

Меѓутоа, што се случува кога станува збор за двајца? Односно, што значи позицијата во која спиете со вашиот партнер?Што истата открива за вас и вашата врска?

Дали означува Хармонија? Доверба? Прељуба? Борба?

Начинот на кој што партнерите спијат заедно, многу кажува за нивната врска, поточно за разбирањето помеѓу нив двајцата и колку врската важи за ,,здрава‘‘ односно, стабилна и среќна врска.

За постоечкиот сооднос помеѓу позициите на спиење и врската потврдува и истражувањето направено од страна на Ричард Вајсман од Универзитетот Хертфордшир. Според направените анализи и тестирања на околу 1100 двојки, тимот на научници заклучил дека:

     * 42% од паровите спијат грб со грб

     * 31% спијат гледајќи во иста насока

     * 4% спијат лице во лице (анг. face to face)

     * 94% од паровите кои спијат во физички контакт(испреплетени и со рацете и нозете  и се допираат по разни места на телото и лицето додека спијат) имаат задоволителна, односно стабилна врска, наспроти 68% од оние што спијат без да се допираат

     * 86% од испитаниците кои спијат на блиско растојание (2,5 см) се задоволни од нивната врска-имаат среќна врска, наспроти 66% од оние кои спијат на 70 см одалеченост.

Со неколку зборови, растојанието на одалеченост за време на спиењето помеѓу партнерите кажува многу за нивната врска.

Истражувањето ја нагласува и тесната поврзаност помеѓу позицијата на спиење и карактерот:

     * Екстровертните личности имаат тенденција да спијат блиску до нивниот партнер

     * Креативните личности имаат тенденција да спијат на левата страна.




За да дознаете повеќе за оваа тема, тимот на Магнифлекс ви предлага да ја прочитате книгата објавена во 2006 година од страна на Евани Томас: "Тајниот јазик на спиењето. Водич за парови ".

(Анг. Evany Thomas: “The secret language of sleep. A Couple’s Guide ”.)