Како против прекумерното ноќно потење?

Зошто се потиме во текот на ноќта?

Објавено на 06 Март, 2020 во iDream магазин

Прекумерното потење навечер е несакана последица која се јавува од повеќе причини. Постојат три основни причини поради кои настанува потењето во текот на ноќта.

Првата причина за оваа појава е користење на душеци, перници и постелнина кои не дозволуваат проток на воздух.

Воздушниот притисок и влажноста на воздухот во просторија каде што спиеме  може да бидат втората причина која доведува до ноќно потење.

Трета причина зошто прекумерно се потиме во текот на ноќта се должи на хиперхидрозата, која пак е патолошка појава. Доколку користењето на душеци, перници и постелнина која овозможува висок степен на пропустливост на воздух и влажноста и воздушниот притисок не се причината за прекумерното потење, во тој случај можеби треба да се консултирате со лекар.

Што треба да направиме да се спречи потењето во текот на ноќта?

1. Како што напоменавме, пред било што се препопрачува душекот, перниците, постелнината, па дури и пижамите да бидат изработени од материјали кои овозможуваат висок проток на воздух. Природни материјали кои го овозможуваат истото се памукот и ленот.

  •  Ленот успева да ја абсорбира влагата која што ја испушта телото за време на спиење, овозможувајќи подоцна да испари.
  • Памукот е мек материјал, но сепак неговото влакно е издржливо и тешко се оштетува. Најистакната негова карактеристика е протокот на воздух кој што го обезбедува, со што останува свеж и при контактот со кожата. Неговата структура која што апсорбира голем дел од влагата помага да се одржи кожата сува.

Кај луѓето кои имаат проблем со потењето исто така се препорачува да одберат душеци и перници изработени од Outlast и Аiryform технологија, кои допринесуваат за зголемување на пропустливоста на воздухот.

2. Пиењето алкохол пред спиење дефинитивно допринесува за ноќното потење. Во овој случај, се препорачува да направите неколку минутна прошетка пред спиење.

3. Стресот е состојба која влијае на потењето во текот на ноќта. Нивото на кортизол и адреналин се зголемува, и потните жлезди се значително стимулирани. Туширањето, практикување Јога,позитивното размислување пред спиење можат да помогнат да се намали нивото на стрес, а со тоа последователно ќе се намали и потењето.

4. Собната температура и проветрувањето се клучни елементи кои помагаат да се намали потењето во текот на ноќта. Редовно проветрување на просторијата и температура малку пониска во спалната соба од останатите простории во домот помага во одржувањето на терморегулацијата на телото.

Откако ви откривме за клучните елементи кои ќе ве заштитат од ноќното потење, ни останува само да ви посакаме да уживате во вашите ладни ноќи !!!

Ви посакуваме Добра ноќ :)