Како природната средина може да влијае на нашиот сон?

Дали некогаш сте се запрашале како промените кои се случуваат во природата може да влијаат врз квалитетот на нашиот сон.

Објавено на 05 Јануари, 2019 во iDream магазин

Природната средина во која што живееме има поврзаност со нашето спиење.Сите климатски промени што се случуваат, директно или индиректно влијаат врз квалитетот на сонот.

Со самото одминување на летото, деновите стануваат пократки а температурите  почнуваат да се намалуваат.Заради ова намалување на температурите пак, свесно или несвесно, сите ние се одлучуваме поголем дел од денот и времето да поминеме  во затворен простор, на топло. 

Што ова значи, што прават овие промени за да имаат врска со нашиот сон, и како можеме најдобро да се прилагодиме на истите?

Важноста на животната средина за нашето спиење неодамна беше истакната во една статија од областа на Превентивната Медицина. Направени се испитувања кои објаснуваат дека колку повеќе имаме пристап и ги користиме природните добра, толку повеќе ќе имаме добар сон. Самата природа, пристапот до зелени површини, океани или другите водни тела, изложеноста на сончева светлина и температурата (вклучувајќи ја ниската влажност) се претпоставува дека  се фактори кои директно или индиректно можат  да делуваат на спиењето.

Индиректното делување на временските промени врз нашиот сон се должи на тоа што самата природа влијае на нашата благосостојба и физичка активност, кои пак се важни фактори за здрав сон:

Исто така, позитивната природна средина може директно да влијае врз спиењето преку обезбедување на доволно светлина и соодветна температура за здрав циклус на спиење:

Испитувањата покажале дека кај луѓето кои што подолг временски период се лишени од природа и зелен простор, ризикот за неквалитетен сон е поголем.

Знаеме дека физичката активност и изложеноста на надворешна природна светлина се важни за одржување на здрав сон. Исто така, поминувањето време на отворено е поврзано со подобра ментална благосостојба, што е важно за нашиот сон. Придобивките од природата се големи за нашиот сон. Поради овие причини испитувањата наведуваат на тоа да природните добра  се искористат максимално како би си овозможиле подобар сон, а со тоа и многу поквалитетен живот.