Како несоницата влијае на нашето тело

Лишеноста од добриот сон или така наречената ,,несоница‘‘ е се почеста појава во денешно време која може да резултира со доста негативни последици кај секој поединец.

Објавено на 04 Декември, 2019 во iDream магазин

Обична прослава или забава, завршување на работни обврски до доцни вечерни часови, гледање филмови и слично се дел од причините поради кои остануваме будни во текот на ноќта. Како и да е, без разлика дали сте нов родител, зафатен возрасен или тинејџер кој се забавува до 4 наутро, крајниот резултат од нездравиот сон за секого е идентичен: вашето тело е лишено од една основна и неопходна компонента за добро здравје и енергија.

Истражувањата покажуваат дека дури 30% од возрасните спијат помалку од просечните 6-8 часа потребни за една ноќ, а некои пак повремено ја пропуштаат ноќта во целост,а сето тоа може негативно да се одрази врз вашето расположение, физичкиот изглед, па дури и на начинот на кој функционира вашиот мозок.

Во продолжение прочитајте за начините на кои нездравиот сон влијае на вашето тело:

1. Темни кругови околу очите

Најмалку што секој од нас посакува е да се разбуди со големи темни кругови околу очите. Меѓутоа, свесни или несвесни, токму тие темни кругови знаат да бидат последица од недостаток на сон. Спиењето помалку од 6 часа може да предизвика задржување на течност под очите, што доведува до кругови и оток.

2. Грчеви од глад

Недостатокот на сон го менува начинот на кој вашето тело ги толкува сигналите за глад, оставајќи ве со желба за внесување храна која е тешко да се контролира. Според истражувањата, жените кои спијат помалку од пет часа во текот на ноќта, имаат поголема тенденција кон дебелеење.

3. Нефокусираност

Недостатокот од сон исто така може да направи да се чувствувате расеано и да немате доволно концентарција за извршување на тековните обврски.

4. Настинка

Намален имунолошки систем е уште една последица која може да настане од недостаток од сон, правејќи ве повеќе склони кон настинки.

Една ноќ без сон не претставува толку голема опасност за нас, но доколку тоа трае подолг временски период во тој случај овие паузи на нередовен сон и тоа како може да се одразат негативно врз нашиот организам. Премалку спиење може да придонесе за срцеви заболувања, висок крвен притисок, дијабетес, дебелина , па дури и мозочен удар.

 За да се заштитиме од сето ова покрај препораката да се води здрав начин на живот, кој вклучува здрава исхрана и редовна физичка активност, се препорачува секако и да се внимава на здравиот и редовен сон.

 Изборот на соодветниот душек и перница за вас и секако придржувањето до правилото легнување во исто време, се алатки кои ќе ви помогнат да се придвижите чекор поблиску до здравиот сон, истовремено и до здравиот начин на живот.