Како да се санитизираат и дезинфицираат спалната соба, креветот и перниците
Спалната соба е едно од местата во кое поминуваме поголем дел од денот.
Објавено на 09 Јули, 2020 во iDream магазин
Размислете, на пример,најмалку 6 часа ја користиме за спиење, а секако постојат и оние кои можат да си дозволат ,,луксуз“, односно оние кои истиот простор го користат за повеќекратно одмарање во текот на еден ден. Врз основа на ова сознание, часовите поминати во спалната соба во текот на едно деноноќие никако не треба да се занемарат. Затоа, чистотата и хигиената се дефинитивно неопходни и значајни, особено во ова време, кога се соочуваме со пандемијата ,,Коронавирус“.
Според истражувањата, треба да ги чуваме домот и спалната соба чисти, се со цел да спречиме размножување на прашински грини, вируси и бактерии.
1. Редовно проветрување нa просторијата
Одржувањето на свеж воздух во просторијата е правило број еден на кое треба да се внимава. Тоа повеќе од било кој друг фактор помага да се намали нивото на влага во воздухот и на тој начин се спречува формирање на бактерии и задржување на вируси во просторијата.
Проветрувањето на просторијата е најпрепорачливо да се прави во утринските часови, кога воздухот е најчист , со помал процент на смог. Присуството на влага во просторијата може да создаде непријатни ситуации за душекот.
2. Одржување на редовна хигиена во собата
Редовно треба да се отстранува правот од предметите во собата. Редовно да се пребришува подот под креветот доколу нема килим или да се усисува правот од килимот доколку има. Постелнината да се менува минумум еднаш во неделата и да се пере на 60 степени доколку дозволува производителот.
3.Како да се санитизираат и дезинфицираат душеците
Душеците со навлаки кои се отстрануваат може да се одржуваат со перење на самата навлака на ниска температура(40 степени) во машина за перење, или да се исчисти на сув начин, во зависност од перформансите на навлаката. Кај оние навлаки каде што се дозволува перење, може да се користи средство за дезинфекција кое не е премногу агресивно за ткаенината , подоцна мора да се уверiте дека е целосно исушена навлката пред да ја вратите повторно назад.(Секако, за било кој начин на перење ќе станува збор, најдобро би било пред започнување на процесот да се прочитаат упатствата на самата етикета или да се консултирате со стручно лице од каде што сте го купиле душекот.) Секако ова ќе ја одржува навлаката на душекот чиста , но потта и мртвата кожа знаат длабински да навлезат во душекот затоа е најдобро длабинско чистење на душекот.
За третман на длабинско чистење на душекот во денешно време со напредна технологија веќе се измислени нови решенија и методи кои покрај одржување на хигиена исто така и го продолжуваат векот на самиот душек.Се работи за современи уреди кои користат научно докажана УВ-Ц технологија која на ефикасен, брз , сув и еколошки начин ги уништува прашинските грини како и бактериите и вирусите кои можат да се најдат на душеците.
Во нашата земја постои и сервис кој се занимава со одржување на хигиена на душек со помош на сертифицирана УВЦ технологија и сервисот се изведува на лице место, со времетраење од 10 минути. Овој сервис ги уништува сите патогени микроорганизми како и прашинските грини кои се втор по јачина алерген по поленот.
Доколку не се решите за овој начин на санитизација и дезинфекција тогаш можете да го пробате следново:
1. Користете правосмукалка со четка за да се ослободите од прав и коса ( ако немате правосмукалка, можете да користите мека четка);
2. Наполнете сад со млака вода и растворете неколку лажици бикарбонат во садот;
3. Нанесете го растворот на целата површина на душекот со помош на чиста и безбојна крпа, и практикувајте често плакнење на истата;
4. За крај, проветрете го душекот, изнесете го надвор од собата и сушете го неколку часа, се додека не се исуши целосно.
Мора да се напомене дека овој начин на одржување на душекот доколку не се изведе правилно може да предизвика појава на мувла ,во исто време не делува на уништување на прашинските грини кои можат да се најдат во душекот.
4.Како правилно да ги исчистите перниците
Перницата е во директен контакт со лицето. Поради оваа причина, важно е секогаш да ја одржувате чиста, редовно да ја менувате и перете. Перењето на перницата може да биде во машина за перење,само навлаката или цела перница, согласно препораките за одржување. Општо прифатени правила на одржување на хигиена на перница е перење на навлаките минимум еднаш во неделата и перење на целата перница минимум еднаш во месецот доколку производителот не навел поинакви правила на одржување.
Неколку совети за крај:
1. Одберете соодветно средство за перење на навлаката, не користете агресивни производи затоа што може да ја оштетат ткаенината;
2. Доколкку сте во можност одберете го сувиот начин на чистење на душек со кој не се користат хемиски средства со цел да се заштитите од нивното несакано дејство врз здравјето и животната средина
3. Многу е важно навлаката од душекот да е добро исушена пред да се постави на душекот, бидејќи во спротивно има опасност од појава на влага и мувла.
4. Пред започнување на било кој процес, внимателно прочитајте ги упатствата на етикетата или консултирајте се со стручно лице.