Хороскопските знаци и позициите на спиење

Дали постои тесна поврзаност помеѓу хороскопот и положбата за спиење?

Објавено на 18 Мај, 2019 во iDream магазин

Дали астрологијата има замешано прсти при одредување на нашата омилена позиција за спиење?

Одговорот е Да... – барем за оние кои веруваат во влијанието на ѕвездите !!!

Се верува дека позицијата во која спиеме не е само навика на телото, туку истата е диктирана и одредена уште од само раѓање, во зависност  од тоа во кој хороскопски знак сме родени.

 Хороскопските знаци и нивните положби за спиење

1 . ОВЕНОТ е хиперактивен и затоа што спиењето е губење време за луѓето родени во овој хороскопски знак, тие преферираат позиција со широко отворени раце и нозе или облик на ѕвезда;

2.БИКОТ- Овој хороскопски знак претпочита да лежи на грб со рацете поставени на градите;

3.Неуморен и  додека спие, БЛИЗНАКОТ обожава да лежи на страна со едната нога подигнта;

4.Вљубени во спиењето, РАКОВИТЕ се знаци кои може да спијат  речиси насекаде во секое време, и обично преферираат да спијат со поставена перница помеѓу нозете. На овој знак не му е важно во која позиција ќе заспие, важно им е да се чувствуваат комфорно за време на спиењето;

5.Луѓето родени во знакот на ЛАВ многу ретко спијат на страна.Најчесто ќе ги најдете како спијат со лицето надолу,како да прават смела изјава за светот околу нив;

6.За разлика од Лавот, ДЕВИЦИТЕ се рационални дури и додека спијат. Слично како ракот, Девицата го сака нејзиниот личен простор додека спие. Тие имаат потреба од совршена средина за спиење, и за нив важи правилото дека се додека се чувствуваат удобно за време на сонот, не им е важно во која позиција ќе спијат;

7.ВАГИТЕ сакаат да чувствуваат сигурност за време на спиењето и за нив најчесто препознатлива позиција е спиење на страна;

8. ШКОРПИИТЕ-  најчесто завземаат позиција на трагач, лежејќи на страна со двете раце поставени напред;

9.Луѓето родени во знакот СТРЕЛЕЦ се доста социјални личности и тие претпочитаат да спијат во позицијата војник (анг. Soldier);

10.Сите родени во знакот на ЈАРЕЦ се познати  како амбициозни и доста стабилни личности. Препознатлива позиција за спиење на Јарецот е Фетус- положбата;

11.Независни и тврдоглави, луѓето родени под знакот на ВОДОЛИЈА претпочитаат да спијат во "слободна" позиција, односно на нивниот стомак со рацете испружени на страна. Водолијата може да спие во секое време, секаде;

12. Поради нивната потреба за заштита, луѓето родени во знакот на РИБИ претпочитаат да спијат во Фетус- положба. Друга позната позиција за нив е спиење на грб, со поставена перница под колената.