ДАЛИ МАСАЖАТА МОЖЕ ДА ГО ПОДОБРИ НАШИОТ СОН?

Сите ние сме слушнале за благотворното дејство на масажата врз нашиот организам. Масажата е еден од најдобрите начини за зголемување на работната способност, намалувањето на стресот и подобрување на целокупното физичко и емоционално здравје.

Објавено на 29 Декември, 2018 во iDream магазин

Според бројни студии, препуштањето на масажа на крајот на работната недела не само што ќе ве подготви за прекрасен викенд, туку и ќе допринесе за подобрување на вашиот сон. Не е случајно и тоа што масажата е прва техника што мајките ја употребуваат кај своите бебиња доенчиња кога сакаат да ги успијат. Придобивките од масажата се неизбежни, без разлика дали се применува кај дечиња или повозрасни.

Како масажата придонесува за поквалитетен сон ?

1.Таа ви помага да се опуштите

Проблемите поврзани со финансии, работа, здравје, љубов или било која друга грижа што ја имате и ја размислувате пред спиење може да биде причината која ви прикраднува од вниманието пред спиење, а со тоа ве оддалечува од здравиот и квалитетен сон. 

Во тој случај, несомнено, масажата е  едно клучно решение кое ќе ве донесе до подобро спиење.Според истражувањата, редовните масажи ја намалуваат депресијата и нивото на анксиозност и го подобруваат квалитетот на спиењето, можеби затоа што го активираат ослободувањето на серотонин, невротрансмитер кој ви помага да се чувствувате смирено.

Серотонинот има различни функции: ги забрзува моторните функции, го регулира крвотокот во мозокот, влијае врз регулацијата на телесната температура, има аналгетско дејство, го намалува апетитот, а ако го има премногу, тогаш ја намалува желбата за сексуална активност или ја оневозможува ерекцијата кај мажите. Доколку дојде до намалено создавање на серотонин во нервниот систем, доаѓа до нарушување на расположението во вид на депресија, а често и во вид на анксиозност. Понатаму, недоволното ниво на серотонин го намалува и нивото на мелатонин во организмот, што го нарушува циклусот на спиење.

2. Масажата помага во намалување на болките

Освен што го намалува стресот, масажата помага во зголемување на циркулацијата, а со тоа и во намалување на болките. Според истражувањата, забележани се значителни придобивки од масажата кај сите оние кои практикуваат барем два пати неделно медицинска масажа со времетраење од 30 минути. Дури, постојат и случаеви каде што елиминирањето на болката е 100 процентно. 

Како фактор што прави нарушување на сонот е и болката, затоа сите експерти за спиење благо препорачуваат елиминирање на болката за да дојдете до поквалитетен сон.

Масажата е еден од најдобрите начини за зголемување на работната способност, намалувањето на стресот и  подобрување на целокупното физичко и емоционално здравје. Доколку не сте во можност да посетите стручно лице за  масажа, добра опција би биле и електрични столици кај кои има опција да се уклучи масажа.