ДАЛИ ЛАВАНДАТА МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ ДА СПИЕТЕ ПОДОБРО?

Лавандата е билка која е добро позната по својата репутација како природна алтернатива за смирување, опуштање и ослободување од стрес.

Објавено на 23 Август, 2019 во iDream магазин

Направени се многубројни истражувања за есенцијалните масла кои со своите ароматерапевтски дејства делуваат позитивно на расположението и го подобруваат сонот,но сепак маслото од лаванда се покажало како најефикасно за смирување и опуштање на организмот.


Истражувањата покажале дека маслото од лаванда го намалува крвниот притисок,а кај оние луѓе кои практикуваат инхалација со масло од лаванда забележан е пораст на енергија.

Ароматерапијата со масло од лаванда се покажала ефективна и кај жени кои се борат со постпородилна депресија,бидејќи ја намалува анксиозноста и депресијата, со што се овозможува поквалитетен сон кој им е најмногу потребен на новите мајки.

На Универзитеот Саутхемптон во Велика Британија направено е испитување со цел да се открие дејството на лавандата кај лица кои страдаат од инсомнија. За време од една недела дел од групата испитаници спиеле во соба каде имало масло од лаванда во текот на вечерта, додека другата група спиела во соба каде имало некое друго есенцијално масло(плацебо ефект). Во однос на резулататите се покажало дека првата група на луѓе имала за 20% покавлитетен сон во однос на другата.

Како да ја користите лавандата секојдневно?


-Можете да користите чисто масло од лаванда на комодата до креветот или да користите распрскувач со масло за вашата перница;

-Капнете две до три капки од маслото на вратот пред спиење;

- На шамивче капнете неколку капки масло од лаванда и ставете го под перницата;

- Можете да користите дифузер кој ќе распрскува вода со маслото заедно во текот на ноќта;  

-Припремете си топла купка со масло од лаванда;

- Користите лосион за тело со мирис на лаванда;

- Доколку одгледувате дома лаванда, наберете малку и ставете ги веднаш до вашиот кревет.