8 знаци дека е време за нов душек
Иако повеќето производи за секојдневна употреба имаат јасно означени рокови на употреба и дожина на животен век, знаците кои укажуваат дека е време да го замените вашиот душек не мора секогаш да бидат очигледни.
Објавено на 23 Март, 2022 во iDream магазин
Понекогаш е тешко да утврдите кога душекот ги има изгубено основните карактеристики и идејата за купување на нов душек ви доаѓа тогаш кога ќе почнете да ги чувствувате последиците, како болки во вратот и грбот и лош квалитет на сон поради тоа што душекот повеќе не може да ви ја даде вистинската поддршка на телото.
Многу често и последиците кој доаѓаат од лошата функција на душекот се препишуваат на други фактори како стресот, па одлуката за купување на нов душек се прави дури тогаш кога ќе настанат нарушувања на здравјето.
Ова се неколку знаци на кој треба да обратите внимание за да можете на време да сфатите дека е време за нов душек:
Душекот е постар од 7 години
Ако мислите дека вашиот душек после неколку години не е многу користен, сетете се на тоа дека една третина од животот поминуваме во спиење, што е приближно на 230.000 часови на сон во текот на просечниот животен век на човекот. Тоа значи дека за 10 години сме поминале дури 23.000 часови на душекот.
Затоа староста на душекот е еден од основните фактори кој влијаат на неопходноста за негова замена со нов. Животниот век на душекот секако зависи и од неговиот модел, материјалите и квалитетот, фрекфенцијата на користење, тежината на корисникот и навиките во спиењето, а 7 години се зема како просечен интервал за промена на душек.
Дури и најквалитетните душеци во зависност од начинот на нивното користење, со текот на времето ја губат својата способност да пружат доволно добра поддршка на клучните точки на телото.
Дополнителна причина за замена на душекот после повеќе годишно користење е што на пример, просечниот човек во текот на 10 години спиење губи повеќе од 2000 литри пот и 10.4 кг. клетки од мртва кожа, а тоа создава нехигиенска подлога за спиење и го спречува душекот од вршење на неговите основни функции.
Некој душеци веќе после пет години користење негативно влијаат на квалитетот на спиење, додека на некој животнот век може да им биде и повеќе од 10 години, што е прилично долг период, со оглед на тоа дека душекот барем 8 часови дневно ја носи тежината на вашето тело и реагира на вашите поместувања, но и во него се таложат мртви клетки од кожа, прашински грини, пот, влакна од вашите домашни миленици и други материи кои негативно влијаат на неговата функционалност.
Се будите вкочанети и со болки во вратот и грбот
Освен староста на душекот, постојат и други индикатори кои укажуваат на тоа дека вашиот душек повеќе не ви ја дава потребната поддршка.
Иако уморот и болките кога се будите можат да бидат последица и од различни здравствени проблеми, секако препорачливо е најпрво да проверите дали вашиот душек, без оглед на неговата старост, ја изгубил можноста да пружи правилна поддршка на вашиот врат, раменици, карлица, грб и зглобови во текот на целата ноќ.
Колку душекот е со полош квалитет, толку побрзо ќе дојде до намалување на неговите способности и толку побрзо вашиот сон ќе стане помалку квалитетен, а будењето ќе ви биде во болки и замор се почесто.
Секако и квалитетните душеци со текот на времето ги губат своите функции, а со оглед на тоа колку е важен квалитетниот сон за правилно функционирање на целиот организам, како краткорочно така и долгорочно, доколку се појават симптоми како замор и болки после спињето, побарајте ги и останатите показатели дека е време да инвестирате во нов душек.
Полесно заспивате на друго кревет одколку на душекот во спалната
Овој сигнал е најсигурен за тоа дека ви е потребен нов душек во вашата спална соба. Ако сте забележале дека полесно заспивате на софата во вашата дневна соба, во хотел или на било кој друг кревет, додека пак во вашиот се превртувате и по неколку часови за да заспиете дури и кога сте физички уморни, причината може да биде дека душекот е веќе стар или едноставно не ви одговара.
Како да утврдите дека виновникот за оваа состојба е вашиот душек или има некој друг проблем, направте мал тест: неколку ноќи по ред спијте на друг кревет. Доколку ви се чини дека квалитетот на сонот ви е подобар во однос на ноќите кога спиете на вашиот душек, тогаш почнете со потрага по нов душек.
Иако нов и квалитетен душек е инвестиција, сетете се дека сите проблеми со спиењето можат да доведат до хронична несоница и умор и да го отежнат вашето дневно исполнување на обврските.
Немирен сон и тешко наоѓање на вистинската позиција за спиење
Овој симптом често не се поврзува со староста на душекот, а се јавува и кај потполно нови душеци во случаи да сте избрале душек чие ниво на комфорт односно цврстина не одговара на вашите потреби. Всушност немирниот сон, честото будење во текот на ноќта и честото превртување се знаци дека душекот кој сте го одбрале не е за вас.
Современите технологии во производството на душеците ви овозможуваат да изберете душек според вашите потреби во однос на димензијата, изборот на материјали, нивото на комфорт и дополнителни функционалности како во потполност истиот би ги задоволил вашите барања.
Во таа смисла, додека бирате душек важно е да ги спомнете, доколку ги имате, вашите здравствени проблеми, алергии, навики во спиењето, како и проблемите кои сте ги имале со предходниот душек, за да можете да го направите вистинскиот избор и да добиете квалитетен сон секоја вечер.
Знаци на оштетувања и амортизација на душекот
Во видливи знаци на амортизација на душекот најчесто се вбројуваат деформациите кои настануваат на површината на јадрото, како испакнатини и вдлабнатини, како и појавата на грутки. Иако некогаш овие промени ви се чинат како неприметливи, немојте да чекате да станат повеќе од очигледни, па дури тогаш да почнете да размислувате за промена на душекот.
Секоја промена во обликот на душекот значи дека тој повеќе не ја врши неговата функција и не ви ја дава потребната поддршка. Затоа знаците на оштетување се сметаат не само за естетски, туку и за проблем кој може да доведе до појава на здравствени проблеми.
Иако често мислиме дека оштетувањата се јавуваат само кај стари душеци, сепак неправилното одржување на душекот и фрекфенцијата на користење знаат да го забрзаат овој процес и да го скратат неговиот животен век.
Нема акумулирање на движењата
Ако во текот на ноќта ги чувствувате движењата на партнерот на вашата страна од душекот, тоа значи дека душекот не ја врши најдобро акумулацијата на движењата. Од таа причина постојат нови генерации на душеци посебно направени за брачни душеци кои рамномерно ја распределуваат тежината на телото по целата површина на душекот, па така движењата на едната страна на душекот не се чувствуваат на другата.
Дури и ако вие и вашиот партнер имате различни потреби во однос на цврстината на душекот, може да се најдат душеци кои одговараат на различните потреби на партнерите.
Промени кај вас или во вашите навики
Значи, имате душек кој е релативно нов и кога сте го купиле ви одговарал, но иако со душекот ништо не се променило, почнувате полошо да спиете? Нов душек не ви е потребен само кога стариот повеќе не ја врши неговата функција, туку и доколку настанале некој промени кај вас и во вашите навики во спиењето.
Наглото намалување или зголемување на тежината може да донесе до тоа душекот повеќе да не ви одговара, а ова е чест случај и кога во меѓувреме сте се стекнале со некој полесен или потежок здравствен проблем, било да е операција поради која треба подолго да лежите или некој тип на алергија.
Можно е да се разбудите со осип поради алергија за која немате логично објаснување, меѓутоа објаснување секогаш постои. Во душекот се таложат прашина, полен, животински влакна, првут, бактерии и грини. Како се зголемува нивото на алергените, така се повеќе постои ризик од појава на алергии, кивање, па дури и астма.
Чест фактор кој влијае на тоа вашиот душек повеќе да не ви го пружи бараниот комфорт е и почетокот на заеднички живот со вашиот партнер, бидејќи во овој случај душекот наменет за една личност сега треба да ја држи тежината на двајцата.
Во секој од наведените случаи, промената на душекот е препорачлива за да не дојде до нарушување на квалитетот на сонот и здравјето.
Душекот повеќе не е флексибилен како порано
Ако на вашиот душек му треба значително повеќе време да се врати во првобитната положба, односно да реагира на вашата тежина при промена на положбата во текот на спиењето, тоа значи дека ја има изгубено неговата основна функција, да ви ја пружи потребната поддршка.
Честопати во ваквите случаеви се појавува и препознатливото „шкрипење“ на душекот кое укажува на тоа дека неговата внатрешност е веќе стара, иако тоа не се гледа на прв поглед.
Ваквиот душек не само што пречи на сонот со неговото „шкрипење“, туку ја нарушува и правилната положба на телото кога лежите на него. Па според ова најдобро е уште со првите промени во оваа насока да го замените душекот со нов, пред да дојде до здравствени проблеми.
Посете го нашиот салон и тестирајте ги нашите душеци за да можете да откриете кој материјали и димензии најмногу ви одговараат, а нашите стручни и љубезни вработени ви стојат на располагање за сите прашања и дополнителни информации кои ви се потребни.