10 работи кои не треба да ги правите пред спиење

Што не треба да се прави пред спиење за да имаме здрав сон?

Објавено на 24 Април, 2019 во iDream магазин

Наспроти сите позитивни фактори кои допринесуваат за здрав сон, од соодветно уредена спална соба па се до здрава исхрана, секако постојат и работи кои може негативно да влијаат врз нашиот сон, и тоа во доста поголем процент доколку истите се практикуваат пред спиење. Според експертите лишувањето од здрав и редовен сон е лошо за нашето здравје, негативно влијае на нашето расположение и го зголемува нивото на стрес.

Па, што е тоа на што треба да обрнеме внимание и да престанеме да го правиме пред спиење за да дојдеме чекор поблиску до квалитетен сон.

Според експертите следните неколку работи се баш оние кои никако не се препорачливи да се прават пред спиење:

1. Местењето на вашиот аларм за работа направете го во било кој друг период, но никако пред легнување, влијае на зголемување на анксиозноста

2. Технологијата оставете ја надвор од вашата спална соба. Исклучете ги екраните на сите ваши електронски уреди, затоа што сината светлина која се емитува преку електронските уреди го намалува лачењето на мелатонинот, хормонот за спиење

3. Испијте ја дневната доза на кафе во претпладневните часови. Многу доктори советуваат да не се конзумира било каков кофеин после 17 часот

4. Вечерајте најмалку четири часа пред одење во кревет. На вашето тело му е потребно време за да ја свари храната

5. Внимавајте да не влезете во кавга пред одење во кревет, кавгата  предизвикува стрес и го зголемува нивото на адреналин

6. Поставете си рутина и правило да спиете секоја вечер околу осум часа. Константноста е клуч

7. Одржувајте идеална температура во вашата спална соба, пониски температури значат подлабок сон

8. Избегнувајте напорен тренинг непосредно пред спиење, релаксирана прошетка е секако подобар избор

9. Избегнувајте топол туш непосредно пред одење во кревет. И покрај тоа што имате чувство на релаксираност, топлото може да предизвика немирен сон

10. БЕЗ АЛКОХОЛ ПРЕД СПИЕЊЕ!!! Алкохолот дава чувство на релаксирање, но сепак предизвикува лесен сон, поради што будењата во текот на ноќта се почести.

Ако сите овие работи треба да ги избегнувате, постојат и работи на кои што треба да внимавате. Пред се, изберете спиење на соодветен душек и перница  кои ја зголемуваат релаксацијата и квалитетот на сонот во голем процент.