Со камења и кристали до подобар сон

Ако е точно дека се е поврзано и дека не постои ниту една работа во универзумот што не е во врска со поголема целина, во тој случај треба да бидеме особено внимателни за предметите што ги чуваме во нашата спална соба.

Објавено на 16 Октомври, 2019 во iDream магазин

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ БРАНОВИ ВРЗ НАШИОТ СОН

Електричниот смог ( кој исто така до одреден степен е добиен од електричните апарати за домаќинство, таблети, компјутери и мобилни телефони) може да го намали производството на мелатонин и негативно да се одрази врз спиењето. Поради ова се препорачува спалната соба да се ослободи од овој вид на уреди.

КАМЕЊАТА, КРИСТАЛИТЕ И ВИБРАЦИИТЕ

Исто како и секој предмет, и минералите вибрираат и нивните вибрации се шират во околината што не опкружува. Затоа, кристалите можат да предизвикаат резонанца дури и кај луѓето и животните, доколку се чуваат во близина. Исто така, камењата и кристалите создаваат електромагнетно поле, кое може ( позитивно или негативно ) да се меша во нашиот простор.

Затоа, можеме да го замениме негативното влијание на електричниот смог со „добрите вибрации“ од минералниот свет.

Кои кристали и камења би требало да ги чувате во вашата спална соба

Лекувањето со кристали користи серија минерали кои можат да ни помогнат да спиеме подобро, иако е секогаш најдобро да се консултирате со експерт за оваа тема.

Во секој случај, подолу се неколку совети кои камења и кристали би можеле да ви помогнат да се опуштите и спиете подобро:

Аквамарин

Идеално да ги смири претерано вознемирените умови кои имаат тенденција постојано да размислуваат

Аметист

Помага да се минимизираат проблемите и да се дојде до алтернативни решенија

,,Moon stone” или месечев камен

 Месечевиот камен помага полесно да заспиеме

Тигрево око

Се верува дека овој камен е исклучително моќен и се користи за смирување на чувството на вознемиреност и за стабилизирање на расположението на една личност

Хризокола

Овој вид на кристал помага при намалување на стресот.