Како да го намалиме прекумерното ноќно потење?

Кои се причините за потењето навечер и како да се намали истото?

Објавено на 17 Август, 2019 во iDream магазин

Во принцип три причини се сметаат за основни поради кои се јавува потењето ноќе.

Прва причина поради која настанува потењето може да биде користењето на душеци, перници и постелнина кои не овозможуваат проток на воздух.

Можеме да се потиме и поради воздушниот притисок и влажноста.Всушност, оваа состојба го спречува испарувањето на потта и со тоа ја прави кожата влажна.

Како трета причина се смета хиперхидрозата. Доколку сме ги смениле душекот, перницата и постелнината, и сме си овозможиле пријатна атмосфера за спиење, а сепак потењето е сеуште присутно, во тој случај треба да се обратиме кај лекар за да  се испитаат причините за хиперхидрозата.

Што треба да направиме да за да го намалиме прекумерното потење навечер?

1. Како што напоменавме веќе, првиот чекор што треба да се направи е да одбереме душек, перници, како и постелнина и пижами изработени од соодветни материјали кои нудат висок степен на пропустливост на воздух и имаат голема моќ на апсорпција на влага.

Ткаенините кои се изработени од природни материјали, на пример памук и лен, како и душеците кои во својот состав содржат Outlast технологија и Аirform технологија се одличен избор.

2. Пиењето алкохол пред спиење исто така може да предизвика потење ноќе. Во овој случај, пред спиење, се препорачува да направите кратка прошетка.

3. Стресот е причина која може да предизвика потење, нивоата на кортизол и адреналин се зголемуваат додека потните жлезди се стимулираат.

Туширање,вежбање јога и присутноста на позитивните мисли можат да помогнат да се намалат напнатоста и последователното потење.

4.Температурата во просторијата во која спиеме и проветреноста се клучни алатки кои можат да ни помогнат да се намали потењето. Проветрена просторија во која температурата е малку пониска од останатите простории во домот, помага во одржување на терморегулацијата на телото.