Хипнотерапија

Што се случува со телото додека спиеме?

Објавено на 19 Јули, 2019 во iDream магазин

Кога ние спиеме на соодветен душек и перница и имаме квалитетен сон, се будиме наспани, одморени и полни со енергија. Самиот чин на спиење, всушност има големо влијание во регенерирањето на организмот.

Ова, уште во поодамнешно време било разгледувано од нашите предци, и истите биле свесни за големото значење на спиењето.

Денес, научни тврдења покажуваат за големите здраствени придобивки од спиењето.

Хипнотерапија

Хипнотерапијата е техника која се користи во психотерапијата. Се состои во поттикнување на спиење неколку часа дневно, а во некои од случаите дури и неколку дена по ред.Овој третман е корисен за пациенти кои страдаат од анксиозност, невроза, хистеричност, страв или некое друго нарушување.

Медицинските истражувања ги потврдуваат благотворните ефекти од хипнотерапијата како помошна терапија. Во дваесеттите години, се направени повеќе испитувања за да се тестира ефективноста на хипнотерапијата.Иван Павлов ја користел оваа техника за лекување на артериска хипертензија иулцерозни болести, но сепак најчесто применувана е кај психозите и неврозите.

Денес, хипнотерапијата, поврзана со сеанси на психотерапијата може да даде извонредни резултати: Длабокото спиење или продолжениот сон може да биде од суштинско значење за нашето физичко и ментално здравје, бидејќи го подобрува ослободувањето од стресот и го забрзува процесот на природно лекување на телото, намалува болки и придонесува за побрза регенерација на мускулите. Со помош на хипнотерапијата телото успева подолго време да остане во НРЕМ- фазата. Благодарение на задржувањето во НРЕМ-фазата (фаза во која телото е во длабок сон), организмот лачи големи количини на GH, т.н. ,,Хормон за раст‘‘, што придонесува за обновување на мускулните влакна.

Хипнотерапијата може да се смета за помошна алатка во случаи на сериозни нарушувања, но сепак не може да биде замена за лек, како што напоменавме-таа е секундарна терапија.

Доброто спиење може да ви помогне да останете здрави и да го задржите психофизичкиот баланс, но... за добар сон ви е потребен вистинкиот душек!