Magniflex Душеци

Изборот на квалитетен душек е една од најдобрите инвестиции што можеме да ја направиме во нашиот живот. Ние во MAGNIFLEX сме сигурни дека ниту еден модел на душек не е подобар од било кој друг душек од нашата палета, бидејќи основата за избор на совршен душек зависи од сопствените навики на спиење, градбата и карактеристиките на телото како и желбите на секој поединец.

Важно е да се имаат на ум неколку златни правила:

  • душекот треба да биде подолг најмалку за 20 cm од нашата висина;
  • ако спиете во единечен кревет, душекот мора да биде со ширина од најмалку 90 cm за да можеме да се движиме слободно во текот на ноќта;
  • ако делите кревет за двајца, тогаш ширината не смее да биде под 160 cm;
Душеци

Classic Line

Основната линија - MAGNIFLEX Classic е составена од душеци кои се карактеризираат со високи ортопедски и анатомски својства, и ги поседуваат сите строги сертификати за квалитет.

Оваа линија ја содржи ТАЈНАТА на MAGNIFLEX - патентираната Memoform Magnifoam мемори пена, која моментално се прилагодува на Вашата топлина и притисок.

Душеците од оваа линија имаат гаранција од 10 години

Pleasure Line

Новата линија на душеци со кои MAGNIFLEX се претстави на меѓународниот саем за мебел во Милано е уште еден доказ дека совршен душек постои, но тој е различен за секој поединец.

Да се избере вистинскиот душек потребно е да се разгледаат навиките на спиење, структурата на телото и сите други параметри кои влијаат на сонот.

Токму затоа, во новите модели е вткаена најнова и напредна технологија за производство на душеци и се користени материјали со врвен квалитет, се со цел – да се задоволат потребите на секого и да се одговори на најразличните потреби.

Душеците од оваа линија имаат гаранција од 12 години.

Luxury Line

Супер ексклузивната линија MAGNIFLEX Luxury е создадена за сите оние креативни индивидуи кои не се плашат да сонуваат големи нешта, и што е најважно, не се плашат истите да ги остваруваат.

Душеците во кои е инкомпонирана иновативна, револуционерна и најнапредна технологија за Здрав Сон, изработени од најквалитетните материјали за производство.

Luxury линијата е една од најпознатите линии на душеци во светот, препознатлива по единствениот квалитет.

Душеците од оваа линија имаат гаранција од 12 до 15 години.

Virtuoso

Vir.tu.o.sot (именка)

Врвен репродуктивен уметник, кој совршено владее со техниката на својата уметност

Baby Line

Oбезбедете му на своето најмило, здраво и безбедно место за одмор и дозволете му да расте безгрижно и ден по ден да ги открива радостите на животот.

Mаgniflex душечињата се тука да го поддржат кога слатко сонува, кога за прв пат ќе се исправи на своите ноџиња во креветчето и кога за прв пат ќе научи колку е забавно да скока по него.

Добро дојдовте во магичниот свет на соништата...

Душеците од оваа линија имаат гаранција од 6 години.

Magniflex Перници

Температурните промени, долгите часови поминати пред компјутер и малата физичка активност, предизвикуваат болки во вратот и грбот.

Ако на тоа ја додадеме и неправилната положба на главата и вратот во текот на ноќта (најчесто заради несоодветен избор на перница), логично е дека ќе се разбудиме со вкочанет врат и рамена.

Затоа, изберете перница која одговара на вашите потреби и разбудете се со насмевка на лицето.

Перцепцијата на удобност е индивидуална, но сепак има некои правила кои важат за ситe квалитетни перници:

  • соодветна поддршка на вратот и главата како гаранција за здрав одмор и комфор во текот на ноќта;
  • моментално чувство на опуштање и релаксација на мускулите;
  • се враќа во првобитната форма за кратко откако ќе се разбудиме и станеме од постела;
Перници

Memoform

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ?

Memoform Magnifoam патентираната пена се прилагодува според тежината на вратот и главата, нудејќи совршена поддршка и опуштање на мускулите. Навлаката е направена од Coolmax ткаенина која го намалува потењето и ги избегнува несаканите последици како вкочанет врат.

Препорачливи за луѓе кои сакаат помеки пониски перници.

Magnigel

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ?

Magnigel пената од која се изработени овие перници е иновативна технологија која има моќ да ја дисперзира топлината од лицето и главата, врз целата површина на перницата, оставајќи го местото на кое лежите свежо и суво. Навлаката е направена од вискозна ткаенина која го намалува потењето и го потпомага ефектот на дисперзија на топлина на Magnigel пената.

Препорачливи се за луѓе кои сакаат поцврсти и повисоки перници

Outlast

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ?

Memoform Magnifoam патентираната пена се прилагодува според тежината на вратот и главата, нудејќи совршена поддршка и опуштање на мускулите. Навлаката е направена од Outlast ткаенина која реагира на 36,6 степени и моментално ја одзема покачената телесна температура на лицето и вратот.

Препорачливи за луѓе кои сакаат помеки перници и оние кои имаат проблеми со ноќно потење.

Piuma

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ?

Исполнети со комбинација на гускини перја кои даваат цврстина и нежност во исто време и ситни памучни топчиња кои ги прават перниците неверојатно лесни.
Навлака направена од 100% бел памук.
Прекрасна на допир, со моќ да апсорбира влага при потење. Пердувите имат термо - регулаторни својства и обезбедуваат оптимална клима меѓу лицето, вратот и перницата

Препорачана за оние кои сакаат ниски перници на кои лесно може да го менувате обликот и да ги моделирате по желба.

Geogreen

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ?

Geomemory патентираната пена збогатена со алое вера и екстракт од соја се прилагодува според тежината на вратот и главата, нудејќи совршена поддршка и опуштање на мускулите Навлака изработена од 100% органски памук, сертифициран според GOTS стандард.

Препорачливи за луѓе кои сакаат помеки и пониски перници и оние кои страдаат од алергии.

Virtuoso

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ?

Направена од слезова пена која има смирувачко и релаксирачко дејство врз сетилата.
Навлака направена од сатен и вискоза. Прекрасна на допир, со страничен патент за лесно отстранување и перење.
Обложена со две навлаки, декорирани со вез од кралскиот крин на Фиренца.

Препорачливи за луѓе кои сакаат мир, но и луксуз во спалната соба.

Magniflex Додатоци

Технологија која ви овозможува 24 часовна отропедска и анатомска поддршка дури и кога не сте на вашиот омилен душек, дури и кога седите, работите, возите, патувате...

Додатоци

Јога

Идеална поддршка на светски познатата дисциплина која има за цел да создаде сила, свест и хармонија во телото и душата...

Мисија што ја дели и нашиот Magni ex

Јога

Линија за Миленици

Ние во MAGNIFLEX Ве учиме дека спиењето и добриот сон, релаксацијата и уживањето се половина здравје.

Но, покрај квалитетниот душек, постои уште „нешто“ кое може да ви обезбеди душевен мир и спокој и да ве направи неверојатно среќни.

Дали знаете дека всушност најдобриот психо - терапевт има четири нозе и крзно? :)

Да, точно така! Зборуваме за вашиот домашен миленик, за вашето верно пријателче кое секое утро милно ве гледа со очињата и мафта со опашката во знак на поздрав.

Токму затоа, ја создадовме новата, уникатна линија за вашите миленици.

Место каде вашето кутре ќе може да се склопчи и одмори по активниот ден, бидејќи и тие заслужуваат MAGNIFLEX

Миленици

Арома Терапија

Совршен зачин на вашиот сладок сон како совршен начин да се предизвика Вашето сетило за мирис, а со тоа и Вашите соништа да добијат една нова поубава димензија

Арома Терапија