Пристигна новата колекција на Magniflex 2019

Во време во кое на светскиот пазар, бележиме брз развој на технологиите за изработка на душеци и перници, Magniflex со промоцијата на новата колекција 2019-та, го обезбедува статусот на лидер во овој сегмент.

Објавено на 14 Септември, 2018 во iDream магазин

Мотивирани, пред се да го освојат најстрогиот и пребирлив пазар во САД, Magniflex воведоа нови технологии и компоненти во своите системи за спиење (душеци и перници). На последниот Саем за мебел во Милано беа промовирани новата Aquabreeze мемориска пена и новата термо регулативна ткаенина Thermic. Аquabreeze пената, како што и сугерира името, е изработена со поголемо количество на вода, но и со повеќе отворени ќелии во структурата. Ова овозможува супериорна циркулација на воздухот и течностите во текот на ноќта, но истовремено нуди автентичен комфор и посилна амортизација на душекот. Thermic ткаенината од друга страна, се аплицира врз луксузната Вискоза во прекривките на душеците, и истата успешно го неутрализира загревањето на местото каде лежите, одржувајќи ве во идеалната телесна температура, без да се потите и во најтоплите ноќи.

Како нов предводник на степенот на развој на Magniflex во новата колекција е моделот Maestro. Истиот е комбинација на најновите технологии за спиење, но и модерниот италијански дизајн кој е заштитен знак на брендот од Фиренца. За да ве заинтригираме да го видите новиот Maestro, само ќе спомнеме дел од карактеристиките. Се работи за високо луксузен модел кој со 35цм висина е највисокиот душек во Македонија. Истиот во срцето ги има двeтe ортопедски јадра – препознатливите технологии на Magniflex, со што гарантира правилна положба на вашето тело. Идеалниот и удобен комфор, кој е препознатлив за луксузните хотели со 5* низ светот, го постигнува со употреба на познатата Memoform и новата Aquabreeze мемориска пена. Има ткаенина изработена од комбинација на природен лен и свила на летната страна, како и од кашмир на зимската за идеална термо регулација на вашето тело во текот на целата година. Дополнително овој модел ја поседува препознатливата Dual Core технологија на Magniflex, која во исто време нуди различен комфор на левата и десната страна на душекот, со што ги задоволува различните потреби на партнерите. Со Magniflex бракот повеќе не е компромис!

Главниот застапник на италијанскиот Magniflex во Македонија и Србија, компанијата IDream Concept, ве повикува во салонот за Здрав сон на ул. Илинденска, наспроти Фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде преку професионална презентација ќе ви бидат претставени најновите системи за спиење. Покрај веќе споменатите карактеристики на новата колекција, новитет се и по достапните цени во Класичната линија на душеци и перници, и тоа по барање на нашите клиенти. Било да е нов дом, промена на постоечкиот застарен душек, пратење на новите технологии или само љубопитност и желба за знаење, посетата на салонот за Здрав сон на Magniflex е задолжителна. Повелете!

https://fashionel.mk/files/styles/juicebox_medium/public/article-galleries/2018/06/6915/fashionel-314017.jpg?itok=NiT7kpIg

https://fashionel.mk/files/styles/juicebox_medium/public/article-galleries/2018/06/6915/fashionel-314018.jpg?itok=NkJs4KbO