Срцето на душеците

Ние во MAGNIFLEX, се фокусираме на производство на душеци, перници и додатоци за спиење, со врвен квалитет. Истражуваме, пронаоѓаме и ги користиме најнапредните материјали и најнови технологии да креираме јадра од патентирана пена за сите наши душеци. Од високо ортопедската HR пена до сензационалната мемори пена, нашите пени се трајни, нудат супериорна поддршка и незаменлив комфор.

Memoform Magnifoam

најдобрата, патентирана мемори пена

Memoform Magnifoam е убедливо најмек од материјалите кои се користат за изработка на нашите душеци и нуди неспоредлива удобност во текот на ноќта. Благодарение на моменталната реакција на овој материјал на топлина и притисок, Memoform Magnifoam совршено ја следи линијата на силуетата, давајќи одлична поддршка на целото тело (посебно грбот). За кратко време се враќа во првобитната форма и се приспособува на движењата кои ги правиме во текот на ноќта, без да предизвика будење.

На тој начин му дава поддршка на грбот без да врши притисок на ‘рбетот или да спречува циркулација.

Што е мемори пена?
Извонреден материјал кој се адаптира на обликот на вашето тело.

Нашите тела се неверојатна комбинација од конкавни и конвексни регии со силни, но сепак деликатни места како што се вратот, рамената и грбот. Мемори пената е дизајнирана за совршено да одговара на секој дел од телото, реагирајќи на тежината на нашето тело и неговата природна топлина. Таа се адаптира на нашиот облик и движења за време на спиењето давајќи ни чувство на леснотија, удобност и пријатност.

Удобност без притисок

Структурата на отворени ќелии на мемори пената и нејзината многу висока густина, овозможуваат таа да може совршено да се адаптира на телото без да врши притисок на ‘рбетот или да влијае негативно на лимфниот систем и на циркулацијата на крвта. Затоа меморипената е идеална за долготрајни лежења во кревет.

Што е разликата помеѓу мемори пената и некој други виско еластични материјали?

Основна и многу важна разлика е тоа што на вообичаените полиуретански пени им треба повеќе време за откако ќе бидат натиснати, повторно да ја добијат оригиналната форма. Тоа е така, бидејќи тие се многу осетливи на топлина и притисок но немаат доволно еластичност, па лесно може да се случи да се направат дупки и вдлабнатини на душеците. Мемори пената на MAGNIFLEX реагира примарно на телесниот притисок, отколку на топлина и затоа се адаптира на телото со висока прецизност и за многу кратко време го враќа својот првобитен облик.

Бенефит од приспособена поддршка

Душекот кој е прецврст не му дозволува на телото да се постави во природна позиција и не ја следи линијата на силуетата, па така лено може да предизвика компресија на грбот, рбетот, рамената и колковите.

Мемори пената на MAGNIFLEX се адаптира на телото со 85% прецизност и ги пополнува празните делови помеѓу грботи главата, како и по целата должина на закривувањето на ‘рбетот.

Набргу ќе ги заборавите топлите и лепливи ноќи...

Нашите истражувања утврдија дека душек кој што е премек може да генерира прекумерна топлина. Мемори пената на MAGNIFLEX e изработена со уникатна формула на отворени ќелии способна да пропушта воздух, и има и термо регаулациски својства, апсорбирајќи го вишокот топлина и потоа ослободувајќи го само ако е неоопходно, создавајќи идеална микро клима за време на ноќта.

Airform технологија
Ја дистрибуира телесната тежина по зони и овозможува проток на воздух

Секој дел од телото прави различен притисок на душекот, посебно деловите како што е главата, градниот кош и нозете. Без флексибилна поддршка ‘рбетот не ја добива правилната, природна позиција, а со тоа се зголемува ризикот од искривување.

Посебната airformструктура го подобрува протокот на воздух и истовремено ја прави мемори пената на MAGNIFLEX единствена на пазарот. Исто така, креира и важна зонална поддршка, давајќи им поткрепа на деловите од телото во зависност од нивните различни потреби.

3 зоналната структура ја обезбедува најважната поддршка за главата , трупот и нозете.

MAGNIGEL пена

Иновативната и патентирана MAGNIGEL пена

Овозможува чувство на лебдење на облак притоа давајќи му на телото беспрекорно ниво на комфор. Единствена структура која ја распространува топлината и брзо се лади, овозможувајќи постојана микроклима помеѓу телото и душекот, што обезбедува постојано чувство на свежина.

Новата MAGNIGEL пена

Трета генерација на свежина и комфорт

MAGNIGEL пенатае револуционерен материјал кој е уникатен по своите својства.

Неверојаатно мек, комфорен со исклучителна способност да пропушта воздух, длабоко во душекот.

Како се разликува од останатите материјали?

MAGNIGEL пената е екстремно свеж и ладен материјал, со научно докажан капацитет да ја дисперзира топлината.Има многу висока дисперзивна способност која го прави мек и неверојатно удобен. Составот на гелната пена исто така го олеснува протокот на воздух во структурата на душеците и перниците што придонесува за дополнителна проветреност и го одржува нивото на температурата во текот на ноќта.

Какви предности ви нудат душеците и перниците направен од MAGNIGEL пена?

Неспоредливо чувство на чистота и чувство на сувост на кожата за да можете да уживате во стабилно ниво на температура во текот на ноќта.MAGNIGEL е еколошки, отпорен на деформитети, а со тоа и со долг век.

Ви помага да се опуштите обезбедувајќи идеална подршка за вашето тело.

MAGNIFOAM пена

Нашата традиционална ортопедска пена нуди цврста поддршка без прекумерна крутост и притисок во горниот дел на телото. MAGNIFOAM пената ќе ја сретнете во две верзии: поцврста и компресирана ELIOFORM пена и помеката и еластична ELIOSOFT пена.

ELIOFORM пена

ELIOFORM пената е направена од два вида на пенест (сунѓерест) материјал, од кој едниот дава цврстина, а другиот стабилност.

Структурата е изработена од микро воздушести клетки кои овозможуваат душекот да „дише“ и го прават здрава и хигиенска средина за спиење.

ELIOSOFT пена

ELIOSOFT пената е материјал составен од микро ќелии меѓусебно поврзани со капилари со висок степен на густина, кои на материјалот му даваат цврстина, стабилност, но и нежност. Токму оваа структура го прават овој материјал помек споредено со ELIOFORM пената, притоа заджувајќи ги истите својства како и ELIOFORM.

MALLOW (слезова) пена

Јадрото изработено од хидро пената во комбинација со екстракти од слез обезбедува мека, комфорна поддршка. Слезот има анти-воспалителни својства, смирувачко и благотворно влијание, што го прави овој материјал извор на добробит за нервниот систем

GEOLATEX

Mатеријал настанат со еволуција и напердок во изработката на класичниот латекс, кој во комбинација со пена базирана на вода, е со висок проток на воздух и со долг век на траење. Geolatex - от исто така, има одлични ергономски својства.

LATEX

Латексот е материјал кој се произведува од кората на некои тропските растенија која потоа се дообработува со помош на воздух, креирајќи еластичен материјал. Структурата на овој материјал се состои од милиони отворени ќелии, поврзани со микро канали. Тој истотака има одлични ергономски и еластични својства.

MEMOFORM HD

Ова е иновативна, виско-еластична пена со голема густина која е екстремно цврста. Оваа карактеристика осигурува дека пената има поголем капацитет да се прилагодува на контурите на телото, следејќи ја силуетата на секоја индивидуа, перфектно. Мemoform HD нуди неверојатен комфор и обезбедува уште подобра поддршка на грбот. Нејзината цврстина и долг век на траење го прави овој материјал идеален за најсофистицираните и технолошки напредни производи.

MAGNIFOAM BREEZE

MAGNIFLEXMagnifoam breeze е полиуретанска пена која има способност да пропушта воздух, исклучително тврда и отпорна на кршење. Таа е достапна во Eliosoft верзија , обезбедувајќи мека и нежна поддршка , и во Elioform верзија обезбедувајќи цврста поддршка. Материјалот е збогатен со екстракт од еукалиптус со што се подобрува пријатното чувство и се одржува ладна температурата на телото.

ЕCOGREEN

Ecogreen е техно-природен, флексибилен и ортопедски материјал кој помага да се осигура правилнa положба на рамената , грбот и екстремитетите. Неговата структура на келии базирани на вода и есенцијални масла, го стимулира протокот на воздухот и ги задржува душеците ладни и суви.

GEOMEMORY

Geomemory е анатомски материјал збогатен со алое вера или екстракти од соја кој се прилагодува природно на контурите на телото и обезбедува независна подршка на главата, рамената, градите, рацете, карлицата и нозете.

SUPER SOFT FIBRE

Чувството на мекост кое ни го даваат супер меките влакна, кој обезбедуваат проток на воздух, давајќи му удобна поддршка на целото тело. Овој материјал има посебен состав кој ни дава чувство на благосостојба и го подобрува чувството на комфор за време на спиењето.

МEMOSOFT

Memosoft е удобен , анатомски материјал кој го „прегрнува“ телото , давајќи чувство на екстремна мекост и неверојатен комфор. Неговите квалитети дополнително се подобруваат кога се комбинира со пени изработени од Memoform, Elioform или Eliosoft, обезбедувајќи уште понежна поддршка.

Волна од камила

Влакното од камила е идеално за полнење на зимски душеци затоа што има структура која што ја задржува топлината. Нејзините хидроскопски способности овозможуваат да се апсорбира влагата која што телото ја испушта и помагаат таа да испари, зачувувајќи ја микро климата константно сува и пријатна.

Кашмир

Кашмирот е многу меко животинско влакно , коешто одбива нечистотија а посебно прашина. Неговиот неверојатен капацитет да го затвора воздухот овозможува висок степен на топлинска изолација која осигурува константна топлина и во зимските месеци.

Мерино волна

Мерино волната е добиена од најдобрата врста на овци, и претставува една од најквалитетните животински влакна. Екстремно фина и мека на допир, таа има топлинско регулативни можности и одличен проток на воздух што и овозможува на кожата лесно да дише.

Коњски влакна

Коњските влакна се користеле уште од античко време за полнење на кревети и душеципоради нивната неверојатна еластичност. Влакната од коњ не ја губат својата природна флексибилност и бргу ја добиваат својата оригинална форма, обезбедувајќи го истото ниво на комфор низ времето. Благодарение на неговите хидроскопски својства, влакното ја абсорбира влагата со што се обезбедува телото да остане ладно и суво.

Лен

Ленот е најсоодветен за пополнување на летната страна на душекот затоа што обезбедува чувство на свежина при допир со кожата на телото. Покрај тоа благодарејќи на неговата молекуларна структура , ленот успева да ја абсорбира влагата која што ја испушта телото за време на спиење, овозможувајќи подоцна да испари.

Памук

Памукот е мек материјал, но сепак неговото влакно е издржливо и тешко се оштетува. Најистакната негова карактеристика е протокот на воздух кој што го обезбедува, со што останува свеж и при контактот со кожата. Неговата структура којашто апсорбира голем дел од влагата помага да се одржи кожата сува.

Свила

Свилата е секако најфиното и најсилното природно влакно, со голема механичка сила и еластичност, а покрај тоа останува мека и пријатна на допир. Еден од најпосакуваните материјали во светот , свилата е одличен изолатор обезбедувајќи топлина во зима и свежина во лето.

Пердуви од гуска

Заради нивните хамиски и физички својства , пердувите од гуска можат да ја регулираат микроклимата на телото. Тие задржуваат големо количество на воздух и ја задржуваат телесната температура константна според условите на надворешната околина , оставајќи ја кожата слободна да дише.

Полнење од гускени пердуви

Ја почитува микроклимата на телото, ја задржува константна температурата на телото и ја остава кожата слободно да дише. Заради наговата структура, којашто е помала и помека од пердувите, полнежот обезбедува и леснотија и волумен , давајќи неверојатно пријатно чувство.

Влакна од бик

Леснотија, волумен и еластичност се најважните карактеристики на влакната од бик. Начинот на кој влакната се расподелени во перниците и наддушеците, ни обезбедува неверојатно цврст , анти-алергиски производ. Неговите посебни својства даваат неверојатно меко чувство, како да лежите на пердуви.

Генерални карактеристики на нашите материјали

Соодветна поддршка за различни потреби

Ние нудиме ралични опции за да можеме да одговориме на сечии потреби.

Без деформации

Високиот квалитет на сировите материјали кој ги користиме, резултираат во производ кој долго трае и не се деформира.

Висок проток на воздух

Материјалите и технологијата која ја користиме се дизајнирани така да овозможуваат проток на воздух во душекот и ја одржуваат хигиената на долг рок.

OEKO TEX гаранција

ОEKO TEX го осигурува квалитетот на производот, и тоа декаматеријалите кои се користат при производство на нашите продукти како и самиот процес на производство се нетоксични и задрави за природата и човековото здравје.

Важноста на прекривката

MAGNIFLEX постојано работи во усовршување на технологиите кои ќе го подобрат квалитетот на сонот. Навлаката на секој душек е она првото со кое нашето тело и кожа доаѓаат во директен контакт.

Токму затоа, MAGNIFLEX произведе ткаенини кои се совршен спој на природата и технологијата, нудејќи материјали кои имаат висок степен на пропустливост на воздух, кои даваат чувство на свежина, а истовремено се неверојатно меки и нежни на допир. Синтетички произведените материјали се водоотпорни, анти-бактериски и анти-алергени.

Од друга страна пак, природните таканини се вистински извор на здравје. Тие се хигиенска средина и не предизвикуваат никакви надразнувања на кожата.

Сите овие квалитети се докажани и сертифицирани од најисоките сертификациски тела во светот.

Outlast ткаенина

Outlast ткаенината е првично дизајнирана за скафандерите кои ги носат астронаутите. Структурата на оваа ткаенина се состои од милиони мали сфери, направени од специјален восок кој се топи на 36 степени. Процесот на топење започнува како резултат на порастот на телесната температура, така што ја апсорбира вишокот на топлина и ја акумулира. Кога телесната температура е стабилна и е „под точката на топење“ сферите почнуваат да ја ослободуваат акумулираната енергија во форма на топлина.

Coolmax ткаенина

Coolmax е ткаенина со високи перформанси, која е изработена со висока технологија – лидер во контролирање на потењето во текот на ноќта. Благодарение на нејзините својства, оваа ткаенина нуди одлична контрола на телесната температура и влажноста на кожата за време на спиењето. Coolmax ткаенината се суши побрзо од било кој друг тип на ткаенина и останува сува и свежа.

Viscose (вискоза) ткаенина

Viscose (вискозата) е ткаенина која е изработена од дрвна целулоза и според начинот на преработка може да имитира неколку вида на природни ткаенини. Отпорна е на молци, не предизвикува потење и дозволува проток на воздух. Нежна, трајна и лесно се пере (на ниска температура или во ладна вода).

3D ткаенина

3D ткаенината има структура на микро – мрежа со неспоредлив капацитет за елиминирање на влажност во текот на ноќта. Оваа ткаенина се суши четири пати побрзо од памучната ткаенина, а истовремено е мека и нежна. Специфичната структура ја прави оваа ткаенина издржлива, ги неутрализира непријатните миризби и ја одржува свежината. Совршена за оние кои се потат прекумерно во текот на ноќта.

Сатенска вискоза

Прекривката од сатенска вискоза ги комбинира својствата од вискоза, која има мек и свилен допир, со квалитетите на сатенот кој што е елегантен материјал со сјајен надворешен изглед. Заедно, тие имаат одличен капацитет да ја отстрануваат влагата што го олеснува протокот на воздух на душекот.

Medicare ткаенина

Специјално третирана ткаенина која обезбедува 100% чиста хигиенска површина, отпорна на прашина, бактерии и грини.

Wood (дрвна) ткаенина

Wood (дрвната) ткаенина е комплетно изработена од дрвна целулоза и е еколошка и здрава. На допир е мека како кадифе и е карактеристична по тоа што има голема моќ да ја апсорбира влагата, оставајќи ја покривката сува и пријатна. Оваа ткаенина делува како термо – регулатор и има способност да „дише“.

Bamboo (бамбусна) ткаенина

Бамбусот во својот состав содржи пектин, кој е здрав за човечката кожа, бидејќи ја штити од воспаленија и ја остава свежа. Бамбусовата ткаенина нуди одлична вентилација и ја апсорбира влагата. Исто како растението, така и бамбусовата ткаенина има одлична трајност и ја задржува првобитната форма, дури и по многу перења.

Сребрени влакна

Чистото сребро е материјал со бројни корисни својства и неговата употреба во производство на материјали гарантира посебни анти-бактериски и топлинско-регулативни својства, како и одличен проток на воздух.

Органски памук

Покривката на душеците е направена од органски памук, свеж материјал со пријатно допирно чувство кој што гарантира максимален проток на воздух. Вакви 100% органски материјали се со сертификат "ГОТС"од акредитирано етички и околински сертифицирано тело , кое гарантира дека овие материјали се произведени на начин кој што не им штети ниту на човекот ниту на околината.

100% Памук

Памукот е растителен материјал препознатлив по своите хидроскопски и анти-статични својства како и по протокот на воздух. Материјалот има висок степен на апсорбција.Мек на допир и удобен, овозможувајќи и на кожата да дише и обезбедувајќи освежувачки ноќен сон.

Карактеристики на материјалите од природни влакна

Корисни и хигиенски.

Способност да дишат за да се овозможи проток на воздухот.

Xипоалергиски.

Пријател на околината.

Гаранција Oeko Tex.

Технологија на здрав сон

Целосна и правилна анатомска, ортопедска и ергономска поддршка за благосостојба на целото тело

Зошто MAGNIFLEX душеците се најдобар избор за болки во грбот?

Креветот и душекот не се само место каде треба да ја поминете ноќта, туку место каде вашето тело треба да се одмори, регенерира и спреми за новите предизвици.

Веќе одамна е разбиен митот дека душекот треба да е мек или тврд за да биде квалитетен.

Истражувањата покажуваат дека иделаниот душек мора да ја следи природната линија на телото која значително се разликува од една до друга индивидуа.

Нашето тело треба да наоѓа целосна потпора на површината на која лежи, за да има рамномерно распределување на тежината и напнатоста.

Ова овозможува:
a) 'рбетниот столб да остане во правилна природна позиција, а зглобовите да се опуштени (ортопедски).
б) целосно опуштање на мускулатурата и правилна циркулација (анатомски).
в) оптимална психолошка и емоционална удобност (психо-физиологија / ергономија)

Токму овие карактеристики се споени во најсовремената технологија на изработка на сите MAGNIFLEX душеци.

... бидејќи здравјето нема цена!

Вечната дилема: ТВРД или МЕК ДУШЕК

При изборот на најдобар душек за болки во грбот, повеќето луѓе ја изедначуваат цврстината со поддршката, а сметаат дека мекоста претставува удобност. Сепак, најдобриот метод за оценување на душекот е да се испита начинот на кој душекот го поддржува рбетот. Максимална удобност и здравје, може да се постигне само ако вашите мускули може целосно да се опуштат и доколку рбетот е соодветно поддржан.

Tврд

Студиите покажуваат дека ако душекот е премногу   тврд, тогаш тој му наложува на вашето тело да се адаптира и искриви во однос на тврдата подлога. Со MAGNIFLEX душеците е сосема спротивно - тие усогласуваат и приспособуваат на вашите телеси карактеристики.

Мек

Кога душекот е премногу мек, без соодветна ортопедска поддршка, вашето тело потонува во неправилна положба, предизвикувајќи вашиот ‘рбет да се искриви, а болките се неминовни

MAGNIFLEX душеците

Се приспособуваат на контурите на вашето тело, поддржувајќи ја рамномерно целата должина на вашиот рбет, за да може да се одмора во најприродната, најздрава можна положба.

Ние неможе да ја елиминираме секоја болка од вратот, но ние ги знаеме физиолошките причини за болки во вратот, како и чекорите што можат да се превземат за ублажување на болката. Болката во вратот е честа поплака кај возрасните и може да биде предизвикана од различни фактори. Овој тип на болки во грбот, може да биде наведен како цервикална болка – соодветен термин за вратот е цервикалниот рбет.

Не дозволувајте болката во вратот да ве спречи од уживање во активностите кои ги сакате или кои ви помагаат во секојдневниот живот. Дознјте што ја предизвикува вашата болка во вратот и превземете соодветни чекори.

Што предизвикува болки во вратот?

Повреди

Болката во вашиот врат може да е предизвикана од страна на затегнати мускули, прекумерна употреба или хернија на дискусите. Иако насилните повреди на вратот се вообичаена причина за болка во вратот, дури и навики како положбата на телото или мелењето/чкртањето со забите може да предизвика замор.

Болести

Ревматоиден артритис, дегенеративни болести на дискот, како и други состојби, може да предизвикуваат болки во вратот. Посериозни болести како рак или менингитис биле истот така поврзани со болка во вратот, но многу поверојатно е дека болката во вашиот врат е предизвикана од други причини.

Животната средина

Ако се разбудите со болка во вратот, треба да размислите за замена на старите прекумерно употребени перници. Перницата мора да ја пополнува празнината помеѓу рамото и вратот и да ја поддржува главата на начин кој му овозможува на вашиот рбет да одмори во природна релаксирана позиција. Очигледно, следниот чекор треба да биде да се земе во предвид душекот на кој што спиете и на тоа дали го поддржува правилното држење на телото при спиење. Премногу често луѓето се во забуна дека цврстината на душекот значи и добра поддршка за телото. Креветот што е премногу цврст под рамениците, може непотребно да прави притисок или да го истегнува вратот. Слично на тоа, доколку сте целиот ден наведнати над вашиот телефон и праќате пораки, доколку сте природно доста високи, или ако возите наклонето на едната страна, треба сериозно да се направи промена на овие навики.

Годините

Нашите зглобови акумулираат и се трошат во процесот на стареење. Можно е и дека вашата болка е предизвикана од природното трошење на зглобовите и флексибилноста на вашиот врат.

Болката во горниот дел од грбот може да ве спречува во извршување на омилените активности. Не дозволувајте оваа болка негативно да влијае на вашиот живот. Идентификувањето на основните причини за оваа болка е многу важно за да продолжи животот и квалитетот во потполност.

Подолу е листа на некои вообичаени причини за болка во горниот дел на грбот, како и неколку можни пристапи за справување.

Што предизвикува болка во горниот дел на грбот?

Зглобови и проблеми со дисковите

Болка во горниот дел од грбот може да биде предизвикана од повреди или оштетувања, како дискус хернија, фрактури на диск или дегенеративни болески на диск. Покрај тоа, зглобовите кои што ги поврзуваат ребрата со рбетот, може да бидат иритирани или да претрпат повреда. Лекарот може да ви помогне за да се утврди дали проблемите со дисковите или зглобовите ја предизвикуваат болката во горниот дел од грбот.

Мускулна иритација

Постојат големи мускулни групи во горниот дел на грбот, кои ги поврзуваат лопатките на вашето рамо, градниот кош и други работи. Овие мускули се многу често извор на болка за повеќе луѓе, но и многу лесно може да бидат повредени или преморени од активности. Дури и ако не се извршуваат интензивни вежби кои може да влијаат на горниот дел на грбот, може да се смести голема тензија во регионот на вашето рамо, што ќе доведе до болка во горниот дел на грбот. Често, лошата положба на телото може да ги иритира мускулите во горниот дел на грбот, како што е и наведнувањето на вашето работно биро, спиењето на несоодветен кревет или користењето на перници кои се премногу цврсти или премногу меки.

Торакалниот регион на грбот, (горниот среден или средниот дел), може да има болка од различни причини. Обично, болка во средниот дел на грбот не е резултат на посериозни рбетни причини. Оваа болка може да биде причинета , сепак, со голем број дневни активности, но и посериозни состојби и болести.

Откријте некои од вообичаените причини, фактори на ризик и третмани за болка во средниот дел на грбот.

Што предизвикува болки во средниот дел на грбот?

Повреди

Колку и да се обидуваме да ги избегнеме, повредите се познати како една од најчестите причини за болка во средниот дел на грбот. Повредите може да вклучуваат и дискус хернија, истегнувања или посериозни фрактури. Торакалниот рбет е исклучително силен и издржлив, зошто е изграден за да овозможи поддршка на горниот дел од телото и внатрешните органи. Ако чувствувате болки во средниот дел од грбот, многу веројатно е резултат на некоја физичка или надворешна траума на овој дел од рбетот.

Состојби и болести

Болки во средниот дел на грбот, исто така може да бидат предизвикани од страна на повеќе различни состојби или болести. Остеоартритис или дегенеративни болести на дискусот, се познати дека придонесуваат со непријатност во тој дел од грбот. Дополнително, болите во средниот дел на грбот, може да бидат симптоми на заболувања на жолчниот меур, па дури и симптоми на срцев удар (овој тим на симптоми се доживува почесто кај жените). Ако почувствувате ненадејна и подолготрајна болка во грбот, која трае повеќе минути и се повторува, веднаш треба да се побара медицинска помош.

Лоша положба на телото

Дали ги поминувате вашите денови, наведнати над компјутерот и во истегната положба при работа на компјутерот? Или спиете во незгодни позиции со чести превртувања за да се чувствувате комфорно?Лошата положба на телото во текот на денот, или додека спиете, може да ви предизвика болка во средниот дел на грбот, која е тешко да се надмине доколку не направите промена на вашите секојдневни навики.

Лумбалниот дел на рбетот, или долниот дел на грбот, претставува неверојатно добар природен инженеринг на структура која ги поврзува коските, зглобовите, нервите, лигаментите и мускулите, кои работат заедно за да обезбедат поддршка, сила и флексибилност. Сепак, оваа комплексна структура, исто така, го остава долниот дел од грбот да биде изложен на повреди и болка.

Лумбалниот ‘рбет, што може да се случи

Долниот дел на грбот, ја поддржува тежината на горниот дел од телото и обезбедува мобилност за секојдневните движења, како што се наведнувањата или извртувањата. Мускулите во долниот дел на грбот се одговорни за ротирање и флексибилност на колковите при движењето/чекорењето, како и за поддршка на рбетниот столб. Нервите во долниот дел на грбот, ги снабнуваат мускулите на карлицата, нозете и стапалата со потребните сензации, сила и стимул.

Повеќето акутни болки во долниот дел на грбот, резултираат од повреда на мускулите, лигаментите, зглобовите или дискусите. Телото, исто така, реагира на повредата така што делува инфламаторно, како одговор за потреба од лекување. И додека инфламаторно или воспалено звучи не премногу значително, сепак болките може да бидат многу силни.

Постои значително преклопување на снабдувањето со нерви кон голем број на дискуси, мускули, лигаментите, како и други спинални структури, и може да биде тешко за мозокот да одлучи прецизно, која е причината за болка. На пример, дегенериран или искинат лумбален диск, може да причинува иста болка како и некој истегнат мускул – во двата примери се чувствува инфламација и болни мускулни спазми во истата област. Мускулите и лигаментите заздравуваат многу брзо, додека повреден/искинат дискус може и да не заздрави. Времетраењето на болката помага да се утврди причината за повреда.

Обсег на симптоми на болка во долниот дел на грбот

Болките во долниот дел на грбот може да вклучат широк спектар на симптоми. Тоа може да биде лесна или помалку досадна болка, но и тешка болка и онеспособувачка. Болката во долниот дел на грбот може да започне ненадејно, или да започне полека – можеби да прекинува и повторно да се појавува – но и полека да се зголемува.

Во зависност од причината за болката, симптомите може да се доживеат на повеќе начини. На пример:

  • Болка која е досадна или мала болка, посебно во долниот дел на грбот
  • Болка која се карактеризира со убодна сензација, сензација на горење, која се движи од долниот дел на грбот кон задната страна на бутовите, а понекогаш и во долниот дел на нозете или стапалата; може да вклучува и вкочанетост или трнење (ишијас)
  • Мускулни грчеви и затегнатост во долниот дел на грбот, карлицата и колковите
  • Болка која се влошува по подолго седење или стоење
  • Потешкотии при стоење исправено, одење, или при обид да седне после активно чекорење

Вакумско пакување

Во 1986 MAGNIFLEX направи револуционерен потег и светска експанзија со патентирање на револуционерниот пронајдок - пакување на душеците под вакуум. Како пионери на најиновативниот и практичен систем за пакување во областа на душеците, MAGNIFLEX беше прв производител на душеци кој можеше да се пофали и да гарантира за хигиената на душекот и неговиот квалитет при транспорт, како и да го подобри времето за транспорт.

Го намалува волуменот за 90%

За време на процедурата за вакумирање, душекот е подложен на притисок од 1 тон намалувајќи ја својата регуларна димензија за 90% , а со тоа правејќи го транспортот полесен и за продавачот и за купувачот.

Гарантира хигиена

Душекот е свиткан во ролна и запечатен во специјална изолациска фолија за да се оддржи неговиот оригинален квалитет, а тоа е и гаранција за 100% хигиена на душекот.

Непроменети карактеристики на душекот

Поради високиот квалитет на материјалите што се користат за MAGNIFLEX вакуум пакувањата, душеците ги задржуваат своите оригинални својства и откако ќе се отворат.

Инстантно враќање на формата

Само неколку лесни чекори и душекот брзо ја добива својата оригинална форма и волумен.

Пријател со околината

При транспорт на вакумирано пакуваните душеци потребни се многу помалку возила од вообичаено, што резултира со помала емисија на јаглерод диоксид.

  • Поставете го вакумирано пакуваниот душек на основата од креветот (потребна е основа на креветот со латофлекс) и отстранете ги обложените пакувања без да користите некој остар предмет кој би можел да го оштети душекот.
  • Одвиткајте го душекот (следете го сликовитиот приказ)
  • Преку изложување на воздух душеците веднаш ја добиваат својата оригинална форма (целосната форма ја добиваат за 3 часа)