Кoja e идеалната перница за вас?

Погрешната перница може да биде еден од факторите-предизвикувачи на болка во пределот на вратот и рамената, а со тоа и фактор плус за неквалитетен сон.

Објавено на 27 Ноември, 2018 во iDream магазин

Несомнено сте слушнале за тоа колку е важно да спиете на квалитетен и удобен душек кој ќе одговара на вашата структура за да постигнете квалитетен сон. Меѓутоа, за здрав сон голема важност завзема и перницата. Несоодветната перница не само што е крадец на квалитетниот сон,  туку може да предизвика и главоболки, болки и спазам во мускулатурата во пределот  на вратот, како и вкочанетост во рацете. Затоа, бидете внимателни при изборот на перница за вас.

Перцепцијата на удобност е индивидуална, но сепак има некои карактеристики кои важат за сите квалитетни перници:

  1. Соодветна поддршка на вратот и главата ( перницата треба да ја задржи главата во правилна положба, што значи дека за време на спиење главата не треба да е премногу нанапред или премногу наназад, туку во сооднос со вашите раменици, како рбетниот столб би останал во правилна нулта позиција);
  2. Идеалната перница ви дава моментално чувство на опуштање и релаксација на мускулите;
  3. Се враќа во првобитната форма откако ќе се разбудите и станете од постела;

При изборот на перница секогаш имајте ги во предвид комфорот и формата на душекот на кој што спиете.Доколку имате мек душек се препорачува да имате ниска перница со помал отпор, како нема да дојде до искривување на вратот. Изборот на идеална перница доста зависи и од тоа во која положба спиете (стомак, грб, на страна).

Во продолжение најдете ја вашата омилена положба и прочитајте каков вид перница одговара за вас:

1.Спиење на грб- Во овој случај се препорачува да се користат пониски перници за правилна поддршка на главата и вратот. Перниците исполнети со мемори пена се идеален предлог за љубителита на оваа положба,затоа што овој тип на перници лесно се прилагодуваат на формата на главата и вратот нудејќи ви ја целосно потребната поддршка.

Исто така, за овој тип на спиење се препорачува и да се стави соодветно перниче под колената за да се намали притисокот во долниот дел од грбот.

2.Спиење на страна-  За љубителите на оваа положба се препорачува поцврста, повисока перница која ќе ја исполни празнината помеѓу увото и рамото. Добро е и да се постави перница помеѓу колената како долниот дел од грбот би се ослободил од дополнителен притисок.


3.Спиење на стомак-  Во овој случај можете да изберете многу тенка, речиси рамна перница или дури и воопшто да не користите перница. Експертите препорачуваат да се избегнува овој тип на спиење затоа што се прави голем притисок на долниот дел од грбот при оваа положба.Ова спиење може негативно да се одрази и врз вратните прешлени.Ако сакате да се одвикнете од оваа положба тие препорачуваат да пробате со спиење на едната страна, при што од страната на стомакот да поставите уште една перница која ќе спречи да се вратите во старата положба.

Но, во случај да сте премногу навикнати на овој начин на спиење, тогаш барем да се почитува правилото за ниска и соодветна перница.


Испитувањата велат дека перниците треба да се менуваат на секои 18 месеци, бидејќи можно е да содржат предизвикувачи на алергии како што се мувла, мртви клетки на кожата и прашински грини. Навлаките на перниците се доста важни, истите можат да го продолжат траењето на вашата перница.

Перницата можете да ја тестирате така што ќе ја свиткате на половина со што ќе видите дали се враќа назад. Во случај да не се врати назад, време е за нова, идеална MAGNIFLEX перница за вас.