Дваесет работи кои можете да ги научите од домашните миленици

Никогаш нема да го видите вашиот миленик да го помине целиот ден без сон. Постои добар доказ дека луѓето исто така имаат корист од дремнувањето. Истражувањето во кое се вклучени 24.000 луѓе покажува дека луѓето кои редовно дремнуваат имаат 37% помали

Објавено на 12 Јули, 2017 во iDream магазин

Заборавете на повеќе истовремени задачи

  Кога кучето врши некоја работа, тоа и го посветува целото свое внимание. Од тоа произлегува дека луѓето би требало да го прават истото. Истражувачите на Стенфорд откриле дека кај луѓето кои работат, читаат мејл и сурфаат на интернет во исто време, слабее вниманието и концентрацијата во однос на оние кои се фокусираат само на една задача. Други студии ни зборуваат дека вработените всушност губат време додека извршуваат повеќе задачи истовремено.

  Дремнете

  Никогаш нема да го видите вашиот миленик да го помине целиот ден без сон. Постои добар доказ дека луѓето исто така имаат корист од дремнувањето. Истражувањето во кое се вклучени 24.ооо луѓе покажува дека луѓето кои редовно дремнуваат имаат 37% помали шанси да заболат од некое срцево заболување за разлика од луѓето кои тоа го прават повремено или воопшто не го прават.  Кусата дремка може да ја подобри концентрацијата и самото извршување на работата.

  Секојдневна прошетка

  Без оглед дали имате 2 или 4 нозе, шетањето е еден од најбезбедните и најлесните начини да ги согорите калориите и поттикнете здрава работа на срцето и крвотокот. Редовните прошетки ви помагаат и во:

-  Борбата против депресијата,

-  настојувањето да изгубите по некој килограм,

-  намалување на ризикот од дијабетис,

-  намалување на ризикот од рак на дојка и дебело црево,

-  сочувување на коските,

-  сочувување на здравиот разум.


  Негувај ги пријателствата

  Луѓето се социјални суштества и пријателствата имаат мерливи здравствени вредности. Истражувачи во Австралија прателе 1.500 луѓе постари од 10 години. Истражувањето покажало дека оние кои имаат многу пријатели имаат 22% помали шанси да умрат од оние кои имаат неколку пријатели.

  Живеј во моментот

  Живот во дадениот момент може да биде една од најважните лекции која можеме да ја научиме од нашите миленици. Во студијата под наслов ,,Скитачкиот ум е несреќен ум”, Харвардови психолози заклучиле дека луѓето се најсреќни кога извршуваат активности кои го држат умот фокусиран, како што е сексот или вежбањето. Планирањето, потсетувањето или размислувањето на нешто друго вон моменталната активност може да го расипе моментот на среќа.

  Не бидете злопамтило

  Дел од животот е да ги пуштите работите од минатото да бидат дел од него. Заборавете ги старите проблеми и буквално полесно ќе дишете. Хроничниот бес е поврзан со падот на фунцијата на белите дробови, додека простувањето доведува до снижување на крвниот притисок и намалување на анксиозност. Луѓето кои простуваат имаат високо ниво на самодоверба.

   Мрдање со опашот

  Добро можеби и немате опаш, но можете да се смеете или да потскокнувате кога се чувствувате среќни. Истражувачите пронајдоа силна врска меѓу моменталното чувство на пријатност и општата добра состојба. Според една студија, луѓето со ведар и опуштен став во животот се со подобро психо-физичко здравје.


  Одржувајте ја љубопитноста

  Популарната изрека кажува дека ,,љубопитноста ја убила мачката”, но тоа не важи за луѓето. Истражувачите откриле дека луѓето кои се пољубопитни тежнеат кон тоа да имаат подобро чувство за вистинска смисла на животот. Други студии ја поврзуваат љубопитноста со психолошката благосостојба, како и со проширувањето на сопствените знаења и вештини.

  Бидете шегаџии

  Допуштете си себеси да бидете малку шегаџии, тоа може да биде многу корисно за вашето здравје. Кардиолозите од Универзитетот во Мериленд заклучиле дека луѓето со здраво срце, имаат поголем смисол за хумор од луѓето кои доживеале срцев удар. Тие заклучиле дека смеењето е најдобар лек посебно кога е во прашање заштитата на вашето срце.

  Чешајте си го грбот

  Истражувачкиот институт на Универзитетот во Мајами докажал дека терапијата со масажа може да ја олесни болката, ја поттикнува работата на имуниот систем и ви помага полесно да се носите со хроничните болести како што се астма или дијабетис. Допирот од саканата особа може да биде уште посилен. Во една студија, мажените жени помалку стравувале од струен удар кога за рака ги држеле нивните сопрузи.

  Пијте вода кога сте жедни

   Кучето не пие енергетски пијалаци по напорната игра, а и на луѓето тоа исто така не им е потребно. Во текот на обична вежба, најдобар начин да ја задржите хидратацијата е да пиете обична вода. Водата на вашите мускули и ткива им дава течност без додавање калории во организмот. Обрнете внимание да пиете повеќе вода во текот на летните денови, како и кога се потите.

  Јадете риба

  Повеќето мачки би ги смениле брикетите за конзерва туна секој ден. За среќа, вие можете да направита рибата да стане дел од вашата исхрана. Лососот, туната, пастрмката и други масни риби имаат високо ниво омега3 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од болести на срцето, висок притисок, артритис. Покрај тоа, истражувачите откриле дека луѓето кои јадат риба еднаш неделно имаат дури 60% помали шанси да добијат Алцхајмерова болест.

  Ако сакате некого, покажете го тоа

  Кучињата не си играат - кога ве сакаат, тие тоа ви го покажуваат. Тоа е добар прстап за луѓе кои сакаат да си ја зајакнат својата врска. Една студија ни покажува дека малите, промислени гестови можат да имаат големо влијание на тоа како еден пар е поврзан и колку се задоволни.

  Играјте си

  Играњето не е само за деца и за мачиња. Во својата книга ,,Играј” , Стјуард Браун пишува дека играњето е основна човекова потреба како што е спиењето и исхраната. Играта ја подобрува интелигенцијата, креативноста, решавање на проблемите како и друштвените вештини.

  Уживајте во природата

  Пешачењето во шума е совршенство за едно куче, но има многу предности за човечкото тело и ум. Поминување на времето во природа ја подобрува физичката подготвеност, го зголемува нивото на витаминот D и го намалува стресот. Кај децата, играњето во природа помага во подобрување на видот како и смалување на  ADHD симптомите и поттикнува подобри резултати во училиште.

  Одвојте време за четкање

  Покрај очигледните здравствени придобивки од капењето и миењето заби, четкањето може да има бројни позитивни ефекти на вашиот живот. Добрата лична хигиена е битна за самодовербата. Уредниот изглед исто така може да ви помогне да добиете или ја задржите постоечката работа.

  Бидете свесни за говорот на телото

  Кучињата се одлични во читањето на меѓусебните намери врз основа на говорот на телото. Луѓето не баш. Додека повеќето од нас ги откриваат своите емоции преку држење, говор и контакт со очи, други луѓе не се добри во читањето на тие сигнали. Луѓето се подобри во ,, дешифрирањето” на говорот на телото како стануваат постари.


  Истегнувајте се често

  Истегнувањето ќе ве задржи раздвижени, но тука не се завршуваат сите придобивки на истегнувањето. Во една студија, доброволците кои вежбале така што се истегнувале, искусиле изненадувачки физички промени. Покрај подобрувањето на подвижноста, тие ја зголемиле мускулната маса, сила и издржливост. Иако оваа студија е мала, резултатите ни укажуваат дека истегнувањето е добра алтернатива за луѓето кои немаат услови да се здобијат со сила преку традиционалните вежби.

  Побарајте сенка

  Кога сте во парк и вашето куче сака да се одмори, веројатно ќе најде некоја дебела сенка за да се опушти. Дерматолозите препорачуваат да го следите вашиот миленик, посебно помеѓу 10-16 часот. Тоа е периодот кога UV зрачењето е најјако, особено во доцна пролет и лето.

  Држете се до распоредот

  Милениците сакаат континуираност, рутина и тоа до најситните детали. Исто важи и за луѓето. Луѓето подобро спијат ако одат во кревет и се будат во исто време секој ден, дури и за викенд. Држете се доследно до распоредот за капење, облекување, исхрана – тоа исто така може да го подобри квалитетот на сонот.