Dr. Goodnight

Дали ви е потребно на Вас а и на Вашето дете да ја преспиете ноќта?
Сања Ѓорѓева, Сертифициран Тренер за Спиење (Certified Gentle Sleep Coach ® ), им помага на семејствата да имаат сладок сон – им помага на идните родители, новороденчињата, на бебињата а и на малите деца до шест годишна возраст да научат самостојно да заспиваат и да ја преспијат ноќта.

Почитувани родители моето име е Сања Ѓорѓева - обучен, лиценциран и сертифициран Тренер за Спиење (Gentle Sleep Coach ℠) на бебиња и деца од 4 месеци до 6 годишна возраст, горда мајка на две деца и вработена во компанијата I Dream Concept која се занимава со истражувања, развивања и иновации поврзани со сонот. Во јануари 2016 г. дипломирав во програмата на Ким Вест, позната како The Sleep Lady®, за Тренери за Спиење (Gentle Sleep Coach ℠ Program) која воедно е и најпрофесионална и најтемелна сертифицирана програма за спиење.

Како Сертифициран Тренер за Нежно Успивање јас ќе работам со вас на изработка на индивидуален, чекор по чекор, план за спиење кој ќе ги земе во обѕир вашата родителска филозофија, возраста на вашето дете, здравјето и карактерот на вашето дете, добрата состојба на мајката и фамилијарната динамика. И што е најважно, ќе ве поддржувам и ќе ве обучувам во текот на целиот процес, од почетокот па се до крајот!

Без оглед на вашата ситуација, ние можеме да прилагодиме план за спиење за вашето дете кој би требало да овозможи вашето дете да ја преспива ноќта за помалку од две недели.

Не е важно дали спиете во ист кревет со вашето дете, дали доите или делите соба. Нема да бараме од вас да престанете со тоа доколку вие не сакате, ниту пак ќе ве осудуваме за вашите избори.

Посебноста на овој пристап е во тоа што во текот на целиот тренинг родителите реагираат на своето дете и остануваат со своето дете притоа давајќи му физичко и вербално охрабрување, но сепак му дозволуваат да заспие само. Овој пристап е поддржан од Теоријата на врзување (Attachement Theory) помеѓу родителите и децата.

Доколку сте спремни да го направите спиењето приоритет во вашата фамилија, контактирајте го Dr.Goodnight денеска за да закажете БЕСПЛАТЕН петнаесетминутен воведен телефонски разговор и да дознаете нешто повеќе за услугите кои ги нудиме.

Уметноста на самостојно заспивање е непроценлив дар кој можете да го поклоните на вашето дете а и на целата ваша фамилија.

Добриот ноќен сон е поблиску отколку што мислите!

Повеќе на оваа тема можете да прочитате на нашата web страна www.drgoodnight.mk

Ги очекуваме вашите прашања на info@drgoodnight.mk