Дознајте како да го подобрите спиењето при промена на средината

Повеќето луѓе имаат проблем со спиењето при промена на средината. Дали сте знаеле дека постои објаснување, биолошка причина зошто поголем број од нас не можат да спијат добро на нови и непознати места.

Објавено на 12 Септември, 2018 во iDream магазин

Науката ни открива дека е тоа така затоа што една половина од нашиот мозок останува буден  "да се чува" во случај да постои опасност. Ова е познато како ПРВ НОЌЕН ЕФЕКТ. 

На прмер, кога ја поминуваме првата ноќ во хотел нашиот мозок е поалармиран и буден, тоа е така затоа што целата таа средина е сосем нешто непознато за него. За да си овозможиме подобар сон, потребно е да го намалиме тоа чувство на НЕПОЗНАТО,односно да го замениме со чувството на ПОЗНАТОТО, како би си создале позната и пријатна средина за спиење. 

Еве неколку совети како би го постигнале тоа: 

1.Препознатлив мирис 

 Доколку имате некој омилен спреј што го користите за освежување на вашата спална соба, душек или перница, би ви  препорачале да го понесете со вас истиот,користејќи го во новата средина. На овој начин можете да го измамите вашиот мозок  дека спиете во својот кревет ,на вашето безбедно место дома.

Во случај да не сте користеле до сега, препорачливо би било истото да почнете да го користите барем еден месец пред патувањето, за да може вашиот мозок да го меморира мирисот.

2.Облеката, како втора помошна алатка

Понесете ги вашите омилени пижами во кои најчесто спиете дома. Како со спрејот,ова исто така ќе направи вашиот мозок да  мисли дека сте во  вообичаената домашна рутина. Ако спиете голи дома, тогаш истото направете го и овде.

3.Останете во рутина

 Би било препорачливо барем дел од домашните рутински навики да ги практикувате и овде. Доколку дома во 21ч. се туширате и почнувате со подготовки за спиење, истото во истиот тајминг практикувајте го и тука.

Се препорачува будењето наутро и легнувањето навечер да биде во истото  време како дома. 

Би се земале од корист и навиките од типот на читање книги пред легнување, слушање музика и слично.Се што потсеќа на вашата соба. На овој начин ќе го натерате вашиот мозок да мисли дека се работи за нормална ноќ во вашата спална соба,овозможувајќи ви да заспиете нормално.

 4. Држете ја работата подалеку од спалната соба

Доколку пак патувате заради работа, во овој случај се препорачува секоја работна обврска да се извршува надвор од собата  каде што ќе спиете.Дури и ако станува збор за праќање на е-маил, тоа не го правете од вашата соба. Ако престојувате во  хотел, за тоа може да ви помогне кафе барот во склоп на хотелот.  Се препорачува и да се избегнуваат соби во кои има  работно биро.                                                           

На овој начин ја исклучувате можноста за вашата соба да ве потсеќа на канцеларија и обврски,а со тоа си овозможувате поголемо уживање и се отвара можност за поквалитетен сон.